11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СДСМ: Отворен патот за изградба на коридорите

СДСМ ја поздрави одлуката на Собранието да ги изгласа законите за непречена изградба на Коридор 8 и 10д, истакнувајќи ја нивната тежина за македонската економија.

“Собранието на Република Северна Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес.”

“На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д.”

“Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме поврзани само меѓу север и југ.”

“Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години.”

“Тоа е директен импакт врз македонската домашна економиј и е трајна вредност во инфраструктурата.”

“Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Северна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа.”, соопшти СДСМ.

Related posts

12 милијарди долари и нова ера на Блискиот Исток: Што навистина договорија Вашингтон и Техеран?

admin

Гаши бара објаснување од Тирана по инцидентот со пратениците на Ќафасан

admin

Демографска слика на Европа: Сѐ помалку раѓања, подолг живот и сѐ постара популација

admin

„Никој не е над законот“: премиерот со реакција за случајот

admin

Истекува мерката за ограничување на маржи, политички препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

admin

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin