11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
НАСЛОВНАРЕГИОН

Има ли листа на бугарски државјани на кои им е забранет влез?

Министерството за внатрешни работи не одговара конкретно дали има список на бугарски државјани на кои им е забранет влез во Северна Македонија. Велат дека се спроведувал Законот за странци. Бугарскиот шеф на дипломатијата тврди дека граничните власти кои не им дозволиле влез на бугарските државјани на 6 мај ги известиле дека се на црна листа.

Дали на странски државјанин ќе му биде одбиен влез во Северна Македонија одлучува исклучиво Министерството за внатрешни работи, а мерка „забрана за влез“ може да изрече МВР, надлежен суд или други органи во рамките на законските надлежности. Ова е образложението на македонското Министерство за внатрешни работи откако пред неколку дена не им беше дозволен влез во Северна Македонија на европратеникот Андреј Ковачев, претседателот на фондацијата „Бугарска Меморија“ Милен Врабевски и на други тројца бугарски државјани.

На конкретните прашања на Радио Слободна Европа: дали има други случаи на бугарски државјани на кои од 2020 година не им бил дозволен влез во Северна Македонија и ако има кој бил мотивот да не им се дозволи влез и дали постои список на бугарски државјани на кои им е забрането да влезат во земјава, од МВР одговорија:

„Полициските службеници секојдневно извршуваат проверки на граничните премини на лица – странски државјани кои остваруваат влез во Република Северна Македонија, односно го испитуваат исполнувањето на условите за влез во РСМ предвидени во Законот за странци. Согласно член 11 од Законот за странци се остварува и влез во Република Северна Македонија. Доколку странецот не ги исполнува условите за влез и не припаѓа на исклучоците определени со наведениот закон, му се одбива влез“, се вели во одговорот од МВР.

Македонските власти не им дозволија влез на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претседателот на фондацијата „Бугарска Меморија“ Милен Врабевски и на други тројца бугарски државјани на македонска територија на 6 мај за да присуствуваат на настан во спомен на бугарските војници загинати за време на Балканските војни кај Ново Село.

Министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов вчера изјави дека лицата на кои не им бил дозволен влез во Северна Македонија се наоѓаат на црна листа.

„Во известувањата доставени до бугарските државјани од граничните власти на Северна Македонија, експлицитно е наведено дека во граничниот систем на нашата соседна земја се наоѓаат на забранета листа“, рече Кондов на брифинг со новинарите во Софија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА!

Related posts

Коридор 8: Скопје бара со Софија заедничко пробивање тунел

admin

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin

Обвинувања за „тајни сценарија“ и политички пазар пред локалните избори

admin

Од Џаред Кушнер до улиците на Тирана: Зошто Албанија е на работ на политичка експлозија?

admin

Без документи, но не и без лекар, Алиу: Здравствената заштита мора да биде достапна за сите

admin