19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
РЕГИОН

На северот на Косово повторно тензии, засилено присуство на КФОР

Локалните срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно се собираат за да ги спречат новите градоначалници да влезат во општинските згради. Присутен е КФОР како и косовската полиција.

Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера граѓаните, откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан, денеска, 29 мај. Блокиран е и патот до општинската зграда каде е поставена метална ограда, јавуваат новинарите на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Новинарите на РСЕ известуваа и за зголеменото присуство на КФОР во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, општини населени со мнозинско српско население, каде тензиите се зголемија во последните денови.

Косово, Звечан, 29.05.2023
Косово, Звечан, 29.05.2023

Локалните Срби од овие општини се собраа на 29 мај повторно да се спротивстават на новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април.

Косовската полиција објави дека продолжуваат протестите во близина на мнозинските српски општини Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ на север.

Како што се наведува во соопштението, демонстрантите во Звечан се обиделе да го поминат полицискиот кордон во близина на општинската зграда, „покажувајќи насилство и фрлајќи солзавец“.

„Полицијата беше принудена да употреби легални средства, како спреј, за да ги спречи демонстрантите и да ја стави ситуацијата под контрола“, се вели во соопштението.

Новинарите на РСЕ известуваат за тензичната ситуација во Звечан, каде групи локални Срби се собраа пред општинската зграда, некои од нив со маски и капи.

Related posts

Пендаровски реагира за посетата на Курти: Организаторите мора да бидат казнети

admin

Рама ја откажа меѓувладината средба со Косово, зборува за санкции против Курти

admin

Попис за отпис на резултатите: Македонците со декларација

admin

Капетановиќ: Поврзаноста клучна за конкурентноста на Западен Балкан

admin

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin

Собир пред српскиот конзулат во Куманово – поддршка за Александар Вучиќ

admin