7.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Уапсени двајца велешани во Скопје, продавале празни ЦД-а за учење странски јазици

Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл.378 од Кривичниот законик, јави МВР.

„Имено, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници во полициска станица извршиле службен разговор со пријавените, при што било констатирано дека двајцата, претставувајќи се во име на правно лице – училиште за странски јазици од Скопје, преку онлајн продажба нуделе и продавале материјали (ЦД-а) за учење на странски јазици кои биле празни, односно без содржина, при што оштетиле поголем број на граѓани, стекнувајќи се со противправна имотна корист“, соопшти МВР.

Related posts

Петровска: Голем дел од буџетот на македонската одбрана е дониран на Украина

admin

ПОЕВТИНА СТРУЈА ЗА 518 КОМПАНИИ, УЧИЛИШТА И ИНСТИТУЦИИ

ninja

Пендаровски ја доби поддршката на СДСМ за втор мандат

admin

Османи во Мостар се фати за гитара

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin