18.8 C
Скопје
26 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Османи во Мостар се фати за гитара

Претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, ја заврши дводневната посета на Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Инбокс7.

Музиката и уметноста што ја создаваат младите студенти на Рок училиштето Мостар праќаат посилни пораки отколку какви било политички акции.

За време на теренската посета на Мостар, Османи се сретна со градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, и со претседателот на Советот на општината, Салем Мариќ. Тие зборуваа за напорите за градење поинклузивно и мултиетничко општество и неговата клучна улога во постигнувањето одржлив напредок. Ова вклучуваше дискусија и гледање од прва рака на работата на Мисијата за поддршка на овие напори на терен.

Во Мостар Османи посети и рок група, која била подржана од ОБСЕ.

Беше задоволство да се слушнат овие талентирани музичари кои преку своите инструменти и ноти се најдобрите дипломати и претставуваат одличен пример за тоа како треба да функционираат институциите, не само во регионот туку и пошироко.

ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува оваа рок иницијатива.”, напиша Османи на неговиот Фејсбук профил.

Претседавачот Османи разговараше со членовите на Претседателството на БиХ како и со министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ. На средбите Османи разговараше за актуелната политичка клима во земјата и потребата од продолжување на напредокот во реформите во областите како што се изборите, безбедноста, антикорупцијата, човековите права и помирувањето. Османи ја потврди посветеноста на ОБСЕ за силен ангажман и тесна соработка со БиХ.

„Босна и Херцеговина постигна јасен напредок во консолидирањето на мирот и безбедноста и зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото во последните 25 години. Ова не може да се земе здраво за готово и треба да се брани и продлабочи“, рече Османи „Конструктивен дијалог, компромис и соработка: тие треба да бидат во фокусот на подобрување на моменталната ситуација и преземање чекори за обнова на довербата и обезбедување напредок во реформите во корист на луѓето“.

Претседавачот се сретна и со членовите на Колегиумот на двата дома на Парламентот на БиХ и со членовите на Централната изборна комисија. Нивните разговори се фокусираа на улогата на ОБСЕ во застапувањето за изборните реформи. Мисијата на ОБСЕ продолжува да ја поддржува БиХ со зајакнување на интегритетот на изборните процеси, а Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ даде препораки за поддршка на сеопфатните изборни реформи на БиХ.

Покрај средбите со шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, Брајан Агелер и персоналот на мисијата, претседавачот Османи донираше две возила за проект за деминирање и градење доверба поддржан од Мисијата, кои беа резултат на финансиската поддршка од Германија. Проектот и неговото финансирање се резултат на успешна меѓуопштинска соработка поддржана од ОБСЕ меѓу пет општини во областа Мајевица.

Претседавачот Османи се сретна и со градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ и ја посети старата општинска зграда на Јабланица (поранешна воена касарна) во која се сместени 17 невладини организации. Зградата ќе биде реновирана во рамките на заедничкиот проект на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, Делегацијата на ЕУ, ОН и Советот на Европа, со цел да се поддржат општините низ БиХ кои спроведуваат иницијативи водени од локално ниво за градење доверба и кохезија во заедницата. Министерот Османи му честиташе на градоначалникот Шабановиќ за неговата посветеност на заедницата и за промовирање позитивни приказни во БиХ.

Патувањето на претседавачот вклучуваше и средби со претставници на граѓанското општество од цела БиХ. Овие состаноци се фокусираа на тоа како да се поттикне соработката и да се промовира толеранцијата и начини за градење доверба.

„Мотото на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија е „За луѓето се работи“. Тоа е она што е во срцето на работата на ОБСЕ“, рече Османи. „Нашите партнерства на теренот се важен дел од тоа како и помагаме на БиХ да стане посилна, покохезивна и попросперитетна за доброто на луѓето во земјата и во целиот регион“.

 

Related posts

Амбициите на Косово за Советот на Европа – блиску до целта или во пит-стоп?

admin

КДП ДОЗНАВА: МЕТЛА ВО ДУИ, СМЕНА НА РАКОВОДСТВОТО ВО 11 ОГРАНОЦИ

ninja

Казнети 30 превозници на ученици

admin

Пендаровски: Полска отсекогаш била наш поддржувач

ninja

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

Нова пракса по измените на КЗ: Зошто застаруваат предмети?

admin