27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ФИДЕШ на Орбан ќе ја подготвува ВМРО-ДПМНЕ за победа на парламентарните избори во 2024

Партијата ФИДЕШ на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ќе и помогне на ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицковски да оствари победа на парламентарните избори во 2024 година, пренесува Инбокс7.

Унгарскиот премиер Орбан во четвртокот во Блед разговараше со Мицкоски на состанокот на лидерите на Центристичката демократска интернационала што се одржува во словенечкото одморалиште Блед.

“Политичката соработка меѓу Фидеш и ВМРО-ДПМНЕ е одлична во рамките на билатералните врски како и на меѓународната сцена“, рекол Берталан Хаваси,  советник на Орбан.

Тој информирак дека Орбан понудил помош на Фидес, чиј политичари ќе ги споделат своите професионални искуства во различни области на политиката за да се подготват кандидатите на партијата Северна Македонија за владеење.

Средбата со Орбан ја потврди и Мицковски, потврдувајќи дека ја прифатил понудата.

“Во четвртокот во Словенија, на маргините на централниот настан на ЦДИ, остварив средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Разговаравме за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ.

Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

Со премиерот на Унгарија Виктор Орбан договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

Се заблагодарив на поддршката на Унгарија која ја добиваме во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија”, напиша Мицковски на неговиот фејсбук профил.

Related posts

Зошто е важно Македонија да биде дел од СЕПА?

admin

Излезноста драматично падна, опозицијата расте: Дали Курти ќе може сам да владее?

admin

Владин отчет: Поставени столбовите што ќе ја крепат иднината

admin

Илјадници летови откажани во САД поради владин прекин на работа

admin

СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ, КОЛКУ ДА Е ДОЛГО, ИМА И КРАЈ

admin

Средба Мицкоски-Сарацин, дали ќе поминат уставните измени?

admin