28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВИДЕО | Кардиологот Кедев: Гладувањето го чисти телото и умот, стравот од смртта е најголемата пречка во животот

Интервентниот кардиолог д-р Сако Кедев во интервју за МИА зборува за здрав начин на живот, гладување и искуства блиски до смртта, истакнувајќи дека стравот од смртта е најголемиот лимитирачки фактор за човекот.

„Стравот од смртта е најголемиот страв што го имаме сите. Нема човек кој нема страв од смрт. Оној што ќе успее да се ослободи од тој страв, ќе биде многу посмирен во животот“, рече Кедев.

Тој потенцира дека гладувањето е ефикасен стил на живот кој помага за антиинфламација, прочистување на организмот и умот и за поголема ментална дисциплина. Последниот оброк, според него, треба да се заврши до 16-17 часот, а до наутро да се консумира само вода. „Овие принципи се познати уште од древните цивилизации и се застапени во религиите низ вековите, вклучително и исламот и христијанството“, објаснува тој.

Кедев, кој пред неколку дена беше одликуван од претседателката на државата за неговите кардиолошки заслуги, исто така зборува за екстремните алпинистички експедиции и начините на кои ја зголемува животната енергија, вклучително планински походи и физичка активност.

Тој додава дека имал пациенти со искуства близу до смртта, а и самиот лично имал слични состојби за време на експедициите. „Тоа се искуства што ме ослободуваат од стравот од смртта“, посочува Кедев.

На прашањето за кардиоваскуларните болести, тој нагласува дека тие остануваат водечка причина за смртност во светот и во Македонија. Според Кедев, превенцијата е клучна и започнува со здрава исхрана и редовна физичка активност од најмлада возраст.

„Кардиоваскуларните болести се мултиетиолошки. Главните ризични фактори се пушењето, шеќерната болест, висок крвен притисок и холестерол. Денешниот начин на живот, вклучувајќи нередовно спиење и стрес, дополнително го зголемува ризикот“, рече тој.

Тој ја нагласува важноста на строгите закони за забрана на пушење, ограничување на алкохол, намалување на внесот на сол и континуирана физичка активност како основни мерки за превенција.

Во однос на третманот, Кедев објаснува дека лековите како статини и терапиите за хипертензија се неопходни кога здравиот начин на живот не е доволен, додека стентирањето и кардиохируршките интервенции се резервирани за акутни случаи.

Тој се осврна и на влијанието на вакцините на срцето, наведувајќи дека случаите на миокардитис по mRNA вакцини се многу ретки, и дека придобивките од вакцините значително ја надминуваат можноста за несакани ефекти.

„Секој лек има ризик, но придобивките од вакцинацијата се потврдени и значајни“, рече Кедев.

 

 

Related posts

НИСКИТЕ КАМАТИ СЕ МИНАТО

ninja

Николај Крастев: Партијата на Палевски беше една од двете антибугарски формации

admin

Командант на КФОР: Да не интервениравме во Косово, сега ќе ги оплакувавме мртвите

admin

АГЕЛЕР: ЕДНО ИЛИ ДВЕ ИМИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА НА „ЦРНАТА“ ЛИСТА НА САД

ninja

ДУИ со предупредување до Силјановска-Давкова: Албанскиот народ нема да ве признае за претседател ако продолжите вака

admin

Бугарија ќе изгради 2,5 км. до РСМ најдоцна до 2030 година

admin