12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Трајанов: Мицковски не прифати ништо, СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги оцени како спин и манипулација изјавите на фукционери на СДСМ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба прифатил уставни измени, пренесува Инбокс7.

Во интервју за „Република“, Трајанов вели дека „секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват„.

„Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ“, вели Трајанов.

Владата на СДСМ со ДУИ, според него, е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес.

„СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство. Не прифаќам коалиција заради уставни промени, бидејќи тоа се сосема друга тема. За овие барања треба да изградиме национално единство“, вели Трајанов.

Related posts

Бугарија стана дел од Шенген по 13 годшно вето од Австрија

admin

САД дозволија разговори за продажба на странските актива на Лукоил

admin

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin

Разрешен Иван Гешев

admin

Микоски: Владата ќе обезбеди плати за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците

admin

Тврдоглавиот Курти не ги исполнува барањата на САД и ЕУ

admin