12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муслиу: С.Македонија не може да функсионира со влада без победничката партија кај Албанците

Албанските политички субјекти можат да ја напуштат Владата само доколку одлучат дека тоа е заради прашање што е важно за албанскиот гласач. Вака оценува политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во изјава за kdp.mk, пренесува Инбокс7.

Тој нагласува дека Северна Македонија, сепак, не може да функционира со влада без присуство на албански политички партии.

„Ако сите албански субјекти решат да ја ослободат Владата за ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени и да почне процес на отворање поглавја со ЕУ, тоа не е спорно. Но, Северна Македонија не може да функционира без албанската партија, не само без албанските партии, туку не може да функционира и без победничката албанска партија. Односно, во Влада мора да биде присутна партијата што ќе освои мнозинство гласови од Албанците, а второ, ова важи само за немнозинската заедница, значи важи само за Албанците, не и за македонските политички партии“, вели Муслиу.

Муслиу нагласува и дека некогаш македонските политички партии имаа право да прават што сакаат само затоа што ги освојуваа мнозинството од македонските гласови, но сега веќе се сменети околностите.

„Запомнете дека и ние живеевме во период кога македонските политички партии само затоа што ги добиваа мнозинството македонски гласови можеа да прават што сакаат, кога со навредливи ставови им се обраќаа и на Албанците. Но тоа веќе е сменето, така што секоја следна Влада треба да биде со претставникот на албанското мнозинство, како и со македонската политичка партија, што е покоректно“, рече Муслиу.

Related posts

Предложен новиот амбасадор на ЕУ во Скопје: Заминува Гир, доаѓа Рокас

admin

Корупцијата ја уназадува дигитализацијата на јавната администрација

admin

Николај Крастев: Зборовите на Вучиќ не треба да се потценуваат, Западен Балкан може да биде втор фронт за Русија

admin

БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

admin

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ПОМОГНАА ВО СПАСУВАЊЕ 5-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД РУШЕВИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА

ninja

Законот строг за анестезиологот Тик-Токер, осуден на 15 месеци затвор

admin