11.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Продолжуваат неправилностите во болниците, Обвинителството со нов предмет

Јавното обвинителство работи на неколку предмети поврзани со Клиничката болница во Битола, јави РСЕ. Последно што ја „прели“ чашата е ревизорскиот извештај кој констатираше низа неправилност во финансиското работење. Болницата има и апарат за болни од рак, ама не го користи. Допрва ќе се решаваат проблемите, пренесува Инбокс7.

Обвинителите со помош на ревизорите кои работеа на извештај за Клиничката болница во Битола го бараат виновникот за катастрофалната состојба и можните злоупотреби. Во одговор за Радио Слободна Европа од Обвинителството тврдат дека имаат отворено неколку истраги, а последната е токму поради наводите во ревизорскиот извештај. Во него беа утврдени повеќе неправилности како што се исплатата за надоместоците за плати и тоа за дежурства и прекувремена работа, дека не се закажуваат прегледи преку системот „Мој термин“, но и дека не се наплатуваат побарувања кои може да застарат и недостига наплата за партиципација за извршените услуги.

Според одговорот на Обвинителството тоа веќе работи на предмет за сомнителни исплати на дежурства за немедицински персонал во Клиничката болница Битола, нешто што уште пред ревизорите го утврдил во извештај и Фондот за Здравствено осигурување.

„По овој предмет се постапува и тој ќе биде дополнително поткрепен со наодите од објавениот ревизорски извештај. Врз основа на другиот дел од наводите во ревизорскиот извештај, пак, ОЈО Битола оформи уште еден предмет за кој дополнително, врз основа на направените проверки, ќе се одлучува дали ќе се води посебно или ќе биде споен со претходниот. Надлежниот јавен обвинител ќе се обрати до Државниот завод за ревизија за директна размена на информации со ревизорите кои го изготвуваа ревизорскиот извештај за работата на болницата“, се вели во одговорот од Државното јавно обвинителство.

Дека ревизорите соработуваат со Обвинителството потврди и Главниот државен ревизор Максим Ацевски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Сите докази кои го поткрепуваат ревизорскиот извештај се доставени и до Обвинителството и се очекува тоа да постапува по наводите, вели Ацевски.

„За битолската болница е доставен ревизорскиот извештај пред триесетина денови така што очекувам ист начин на постапување да има како што се постапува и за Клиниката за онкологија. И двата ревизорски извештаи се доставени до јавните обвинителства, во постојана комуникација сме со надлежните јавни обвинители, а како врховна ревизорска институција и како институција која во суштина ги извршува самите ревизии стоиме на располагање за се она што ќе биде побарано и се бара од Државниот завод за ревизија се со цел да се утврди фактичката состојба. Очекуваме за евентуалните несоодветни законски постапувања да има соодветен одговор од надлежните органи“, вели Максим Ацевски, Главен државен ревизор.

Инаку, за исплатата на службени патувања и дневници во Клиничката болница – Битола за периодот од 2018-2021 година, Основното јавно обвинителство во Битола веќе има поднесно обвинение против директорот за економско-финансиски работи и главната медицинска сестра.

Целата содржина е достапна ТУКА

Related posts

Илон Маск: Ќе кажам што сакам, а ако последицата од тоа е губење пари, нека биде така

admin

Брисел притиска Белград и Приштина да ги спроведат договорите

admin

ЕСКОБАР ЗА РСЕ: НЕ СМЕ ФОКУСИРАНИ НА ПОТПИШУВАЊЕ, ТУКУ НА ФИНАЛИЗИРАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

ninja

Нападите на Хезболах може да бидат полоши од Хамас

admin

Османи се сретна со Ескобар

admin

Бајден поддржа обука на украински пилоти за борбените авиони Ф-16

admin