22.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

МПЦ-ОА има право на протест, дури и кога греши

Под мотото „Имаме должност да ги заштитиме децата“, Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА повика на сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, закажан за вечерва во 18 часот, пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Иако во првата линија на „фронтот“ е МПЦ-ОА, зад истите барања застанаа и другите верски заедници во Македонија. Поттикнати од најавата за донесување на двата предлог-закони, уште на петти мај годинава во заедничко соопштение изразија „загриженост за иднината и безбедноста на верниците, а посебно за жените и децата“.

„Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на ‘родовиот идентитет’ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: пол, род и родов идентитет. Преку нивното донесување, наместо да се заштитат, се отвора можност за дискриминација токму на најранливите ‒ жените и децата! (…) Промовирањето на различни родови идентитети и ‘флуидноста’ помеѓу нив, можат да предизвикаат непоправливи штети, особено кај тинејџерите, кои, вака упатувани и образувани, треба да минат низ процес на самоиспитување и испробување, несоодветен за нивната возраст“, беше наведено во соопштението.

Под него стојат потписите на Архиепископот oхридски и македонски Стефан, Реис-ул-улема на Исламската верска заедница Шакир Фетаи, Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, Суперинтендентот на Евангелско-методистичка црква Марјан Димов и претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви.

Како што наведоа, изворот на тој загрижувачки тренд го лоцираат во ратификувањето на Истанбулската конвенција, која, благородната цел на заштита на жените и децата, ја искористила како параван за затскриено наметнување на родовата идеологија.

„Всушност, Предлог-законите во основа им противречат на доктрините на сите верски заедници“, порачаа потписниците.

Тие апелираа до сите релевантни субјекти сериозно да ја разгледаат можноста за повлекување на тој документ, по примерот на многу земји членки на ЕУ кои од него се дистанцирале, како што се Турција, Чешка, Унгарија, Бугарија, Словачка, Литванија и Латвија, кои сè уште не го ратификувале, односно некои го отфрлиле, токму поради неговата родова компонента.

 

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

Бајден ќе стави вето на пакетот помош за Израел во Претставничкиот дом, вели Белата куќа

admin

Игнорирани критики за европското знаменце

admin

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

„Кога мажот станува жена“ го преполни јавниот простор со поделби, говор на омраза и манипулација

admin

Телефонски разговор Ковачевски – Денков: Потребен е конструктивен пристап

admin

Резолуцијата на САД ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin