29.4 C
Скопје
15 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Наставникот останува клучен“ – МОН со нов пристап кон вештачката интелигенција

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека вештачката интелигенција постепено и внимателно ќе се воведува во образовниот систем, нагласувајќи дека наставниците ќе останат клучен фактор во воспитно-образовниот процес.

На панел-дискусијата „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“, организирана во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, Јаневска рече дека Владата и Министерството за образование имаат цел вештачката интелигенција да стане дел од секојдневниот живот на учениците и наставниците.

„Нашата цел како Влада и како МОН е да ја воведеме вештачката интелигенција во секојдневниот живот на учениците и наставниците, но исклучително внимателно, со користење на етичките принципи, затоа што секоја нова технологија носи многу добри страни и ризици“, изјави Јаневска.

Таа додаде дека без разлика на технолошкиот развој, наставниците ја заслужуваат целата почит и доверба.

На настанот учествуваше и младиот математичар Македон Димитровски, кој неодамна освои два златни медали на Германската математичка олимпијада.

„Имаше најголема конкуренција досега – на почетокот 110.000 ученици, а во финалето околу 1.000. Бев многу задоволен што учествував“, рече Димитровски.

Тој освои еден медал на натпреварот „Математички предизвик“ и уште еден за прво место лауреат.

Професорот Сашо Коцески од Универзитетот „Гоце Делчев“ оцени дека наставниците се „душата и срцето“ на образовниот систем и дека нивниот авторитет е незаменлив во пренесувањето емпатија и вредности.

Професорот Бранислав Геразов од ФЕИТ информираше дека во изминатите шест месеци биле обучени 1.300 наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата.

Според него, обуките биле насочени кон користење на технологијата за подобрување на наставниот процес преку интерактивни квизови, игри и дигитални алатки.

Related posts

Крај на старите и крах за новите патни исправи

admin

Сопругот приведен, два часа пред трагедијата полицијата била на адресата во Карпош

admin

ФЗО: Македонија има капацитет за третман и рехабилитација на повредените од трагедијата во Кочани

admin

ЕУ подготвена за ново проширување: Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина први на листата

admin

Министерството за здравство предлага нов закон за лекови, Алиу најави мерки против злоупотреби

admin

Две сценарија и едно прашање – не дали, туку кога?

admin