31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија не смее да остане надвор од европските енергетски текови

Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје официјално го пушти во употреба Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), нов сегмент на организираниот пазар на електрична енергија кој овозможува тргување во текот на самиот ден на испорака.

На настанот присуствуваа претставници на Владата, енергетскиот сектор, институциите и меѓународни партнери, при што беше оценето дека станува збор за значаен чекор кон модернизација и европска интеграција на македонскиот енергетски систем.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека воспоставувањето на Интрадеј пазарот покажува дека државата „чекори напред со јасна визија и конкретни реформи“.

„Во време кога енергетиката е едно од најважните прашања за секоја држава, наша обврска е да создадеме систем кој ќе биде сигурен, конкурентен и отпорен на глобалните предизвици“, рече Мицкоски.

Според него, платформата ќе овозможи поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на енергијата во реално време.

Министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека воведувањето на Интрадеј пазарот не е „крајната дестинација“, туку почеток на процесот на целосна интеграција во европското енергетско семејство.

Генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, изјави дека од денес македонскиот пазар „не само што планира за утре, туку функционира во реално време“.

„На организиран пазар цената не се одредува административно, туку преку понуда и побарувачка“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека јасниот ценовен сигнал е основа за ефикасно управување со ресурсите и инвестициите, особено во обновливи извори на енергија.

Тој предупреди и на можните предизвици од новите европски регулаторни механизми, како CBAM, кои според него можат да создадат дополнителен притисок врз домашните производители и ликвидноста на пазарот.

Анже Предовник, генерален директор на BSP и претседател на Управниот одбор на АДЕКС, рече дека следниот чекор е интеграција во единствениот европски пазар на електрична енергија.

Од Енергетската заедница оценија дека Интрадеј пазарот ќе ја позиционира Северна Македонија како сигурен партнер во регионалниот електроенергетски систем и ќе придонесе кон подобро балансирање на соседните мрежи.

МЕМО соопшти дека системот е имплементиран во соработка со BSP и со користење на платформата М7 на Дојче Берзе.

Related posts

Павловски за Сител: Мицкоски е одличен домаќин, секогаш размислувам како да ѝ помогнам на Македонија

admin

ВЛЕН бара од ДУИ да престане со манипулации и дезинформации

admin

Владата штеди на здравјето на работниците и на „африкански температури“

admin

Филипче бара референдум против Мицкоски: Граѓаните ќе ја плаќаат цената за блокадата на ЕУ

admin

Со 5 милиони евра „Моша Пијаде“ во Тетово стана еден од најмодерните центри во државата

admin

Таравари: Курти бил архитект на коалицијата ВЛЕН, но соработката беше нефункционална

admin