19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Предвремени избори или политички притисок?

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека оваа година нема да има избори и дека фокусот на Владата останува на реформите и економијата, откако неговата претходна изјава дека „наскоро ќе има избори“ предизвика политички реакции.

„Има некои партии што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но мојот став го знаете. Оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека би сакал редовните избори да се одржат во пролетта 2028 година, но не ја исклучи можноста за избори во 2027 година.

„Дали 2027 година е опција? Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена да оди на избори и да победи. Но нашиот фокус сега е да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност и животниот стандард на граѓаните“, рече премиерот.

На изјавите реагираше СДСМ, од каде оценија дека на Мицкоски му се брза за предвремени избори поради, како што наведоа, „падот на неговиот пријател Виктор Орбан“.

„Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Саша Димитријевиќ.

Тој тврдеше дека во Унгарија се најавуваат истраги кои, според него, ќе стигнат до Мицкоски и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Орбановата медиумска мрежа, сомнителните зделки, тендерите, телекомуникациските и енергетските бизниси поврзани со Орбан – целиот криминален октопод ќе се истражува“, рече Димитријевиќ.

Од СДСМ додаваат дека власта се подготвува за избори затоа што, како што велат, „кога ќе снема пари за тендери и за полнење џебови, ВМРО веднаш почнува подготовки за избори“.

Мицкоски повтори дека очекува изборите да се одржат во редовниот термин во 2028 година и нагласи дека Владата останува фокусирана на реформите и економскиот раст.

Related posts

Уапсен додека пешки се движел низ автопат во Турција: Кој е Лупчо Палевски?

admin

Филмот „One Battle After Another“ доминираше на Оскарите 2026 со шест награди

admin

Семејството обвинува за лекарска грешка, Министерството отвори итна истрага

admin

Фетаи до Таравари и Села: Кажете ги општините кои ви ги подари Дедо Мразот од Зајаз

admin

Трамп размислува за радикална промена во учеството на САД во НАТО

admin

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во битка за ПР, странски агенции и корупција

admin