29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН и ДУИ во отворена војна: обвинувања за мафија, тендери и приватизирана партија

Коалицијата ВЛЕН и Демократската унија за интеграција (ДУИ) разменија остри обвинувања, продлабочувајќи го политичкиот судир во албанскиот блок, со меѓусебни напади за непотизам, злоупотреба на функции и приватизирање на партиите.

ДУИ го обвини лидерот на Демократското движење и еден од водечките фигури на ВЛЕН, Изет Меџити, за „брутален непотизам“ и лично богатење.

„Изет Меџити, политичарот кој стана милионер додека го осиромашуваше Чаир, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината“, соопшти ДУИ.

Од партијата тврдат дека политичката структура на Меџити функционира „со логика на мафијашки кланови“, базирана на семејна лојалност и лични интереси.

„Повеќе од 20 години тој и неговата група го узурпираа претставувањето на Албанците во Скопје и ја уништија иднината на една цела генерација млади“, наведуваат од ДУИ.

ВЛЕН возврати дека нападите кон Меџити се резултат на немоќта на ДУИ да се помири со заминувањето во опозиција.

„ДУИ повторно го започна стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. ДУИ ја боли Изет Меџити затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција“, соопшти коалицијата.

Од ВЛЕН тврдат дека политичката тежина на Меџити доаѓа директно од граѓаните, а не од партиски кабинети.

„Изет Меџити не е производ на канцеларии и миленик на Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците – со гласови, со терен и со луѓе“, наведуваат од коалицијата.

Во реакцијата директно се споменуваат функционерите на ДУИ, Бујар Османи, Блерим Беџети и Фатмир Бесими, за кои ВЛЕН тврди дека политиката ја гледале „само преку тендери и личен комфор“.

Коалицијата наведе дека Османи бил министер повеќе од 3.700 дена, а Беџети над 5.500 дена бил на функции.

„ДУИ Албанецот го гледала само како број за гласање, а функциите како семејно наследство“, се додава во реакцијата.

Од ВЛЕН обвинија дека „мал круг луѓе околу Али Ахмети“ ја приватизирал ДУИ и ги користи активистите како „топовско месо“ за враќање на власт.

„Тие сè уште сонуваат за времето на Груевски, Будимпешта им изгледа како адреса за спас, додека Мијалков го паметат како златен партнер на владеењето“, наведуваат од ВЛЕН.

Коалицијата потсети и на локалните избори, каде што, според нив, ВЛЕН победил во 10 општини, оценувајќи дека „времето на ДУИ е завршено“.

Политичките тензии меѓу ВЛЕН и ДУИ се интензивираат во пресрет на процесот на формално обединување на ВЛЕН во една политичка партија и подготовките за претстојните изборни циклуси.

Related posts

Зеленски: Русија треба да присуствува на вториот мировен самит

admin

Германија предупредува: конфликтот станува сè поскап и покомплексен

admin

3 идеи за пасивен приход за зафатени професионалци во 2025 година

admin

Дали е голема неправда работниците со 200 евра, а функсионерите со 2000 евра плата?

admin

Граѓани реагираат: Владините мерки не се доволни, храната е скапа

admin

Манасиевски со прашање до Филипче: „Со што су уценет за да бараш нови отстапки?“

admin