3.8 C
Скопје
20 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Србија продолжува да се качува како најпрепознатлив пријател на нашата држава

Истражување на Преспа Институт покажаа дека САД се први за демократскиот развој на Северна Македонија, а Србија најпријателска држава, јави Гласот на Америка, пренесува Инбокс7.

Србија е прва и на прашањето „со која држава Северна Македонија споделува најмногу вредности или интереси“ со поддршка од 62,8 отсто, Албанија е втора со 14,9 проценти, па Косово со 2,8. За Бугарија се произнеле 1,5 проценти од испитаниците.

„Србија продолжува да се качува како најпрепознатлив пријател на нашата држава. Најважен критериум за тоа се споделуваните вредности и интереси, но не до тој степен во делот на демократијата и економијата.“, изјави Ивана Јордановска од Институтот Преспа.

За изминатите три години порастот во делот на позитивната перцепција за Србија пораснал за дури 30 отсто што, според истражувачите, може да се должи на помошта од Белград со Ковид-вакцините и на надминувањето на црковното прашање.

САД најмногу имаат придонесено за демократскиот развој на Северна Македонија, ЕУ е прва за економскиот прогрес на земјата, додека Србија се перципира како најпријателска држава – ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Преспа Институтот спроведено во април и мај.

Од 1 500 испитаници 24,2 отсто рекле дека Америка најмногу придонела за демократијата во Северна Македонија, 21,2 проценти одговориле дека ЕУ е најодговорна за економскиот развој, додека дури 45,3 отсто ја сметаат Србија за најголем пријател, а само 6,8 отсто тоа го кажале за САД.

Кај Русија пак, се забележува пад во споредба со другите години – годинава само 1,1 отсто од испитаниците одговориле дека оваа земја ја сметаат за најголем пријател, што е двојно помалку од лани кога тој процент изнесувал 2,2 отсто.

Во делот на ЕУ, поддршката се уште останува голема, иако има одредено намалување – за 61 процент од испитаниците членството во Унијата е најдобра опција за Македонија, додека 34 отсто одговориле дека треба да се бара некоја друга алтернатива.

61 процент од граѓаните одговориле дека доколку утре се одржи референдум за членство во ЕУ би гласале за, а 30 отсто би биле против.

Related posts

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja

ПАЦИЕНТИТЕ И ПРАВДАТА-КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ПАРТИСКИТЕ БИТКИ ВО СОБРАНИЕТО

ninja

Што се касетните бомби што САД планираат да испратат во Украина? (ВИДЕО)

admin

Дали булингот ги претвара децата во убијци?

admin

Израел ги бомбардира Газа и Либан, Нетанјаху составува воен кабинет

admin

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

ninja