24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Агелер: САД ќе го прозива секој кој ќе ја загрози демократијата во РСМ

По одлуката на Стејт-департментот за да го стави на “црна листа” градоначалникот на Струга, Рaмиз Мерко, се огласи Амбасадорката на САД во Скопје, Ангела П. Агелер: „Народот на Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да прозиваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – што го поткопува владеењето на закон, кој го загрозува напредокот и стабилноста на Македонија“.

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска се најде на листата на санкционирани лица на САД, на кои им се забранува влез во овие држави, пренесува Инбокс7.

“Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија”, се вели во соопштението на Стејт-департментот.

Денешната акција, се вели во објавата, испраќа порака дека Соединетите Држави стојат со Северна Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото.

“Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ”, се вели во изјавата на Стејт-департментот. “Одделот, исто така, ги назначува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во САД.”

 

Related posts

Политичката криза во Србија се продлабочува по ноќта на насилства – Опозицијата ја обвини Армијата дека застанала на страната на владејачката партија

admin

Доцова до Гаши: Европскиот договор од 2022 не се преговара повторно

admin

Независна кандидатура во Кочани: Економистот Зоран Тодоров влезе во трката за градоначалник

admin

Светска Банка: Северна Македонија со најмал економски раст во регионот во следните три години

admin

Трамп подготвува “последна шанса” за Иран: Дали може да се превенира тотална војна?

admin

Тетовската болница добива 157 нови вработени и инвестиција од 74 милиони евра

admin