10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Руска ракета удри во зградата каде живее албанскиот амбасадор во Киев

Резиденцијата во која престојува албанскиот амбасадор во Украина, Ернал Фино, била оштетена во текот на синоќешниот руски напад врз Киев, при што се причинети значителни материјални штети.

Во видеа објавени од албанските медиуми, амбасадорот Ернал Фино ги покажал последиците од експлозиите во станбениот комплекс каде живее.

„Ова е последица од ракетниот напад, а ова е зградата каде живеам. Парчиња стакло има насекаде“, изјавил Фино.

Според албанските власти, дипломатот не е повреден.

Русија извршила нов масовен напад со балистички ракети и дронови врз украинската престолнина и други делови од земјата, при што биле погодени цивилни објекти.

Украинските власти соопштија дека во нападот во Киев и околината загинале најмалку четири лица, а десетици биле повредени.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјавил дека само во главниот град загинале две лица, а 56 биле повредени. Триесет од нив биле пренесени во болница.

„Тоа беше ужасна ноќ за Киев“, изјавил Кличко, додавајќи дека спасувачките екипи цела ноќ ги гаснеле пожарите и расчистувале урнатини.

Украинските власти соопштија дека повеќе од 40 локации во Киев претрпеле оштетувања, меѓу нив станбени згради, продавници, магацини и делови од метро-инфраструктурата.

Жители на Киев во текот на ноќта барале засолниште во метро-станиците додека одекнувале експлозии низ градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предупреди дека Русија подготвува нов напад со хиперсоничната ракета „Орешник“, која Москва веќе двапати ја употребила во војната.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека „Орешник“ е речиси невозможно да биде пресретната поради нејзината брзина, која е повеќе од десет пати поголема од брзината на звукот.

Албанија остро го осуди нападот, оценувајќи дека загрозувањето на дипломатски персонал и напади врз цивилни области претставуваат сериозно кршење на меѓународното право.

Related posts

Цената на нафтата скокна над $100 по барел и покрај најавата за рекордно ослободување на резерви

admin

Владата на Мицкоски добива ново лице – кој е човекот што треба да го спаси здравството?

admin

Кој заработи милијарди, а кој загуби на Светското првенство? Победници и губитници надвор од теренот

admin

Протест: „Собранието заседава – ве молиме за галама“

admin

Ангелов може да ја напушти владата на СДСМ и ДУИ

admin

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja