22.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Џезаири: Добро е ВМРО-ДПМНЕ да ги почека изборите а потоа да каже која партија не ја посакува во владата

„Не е неочекувана одлука, со оглед на политичкото кредо на лидерот на интегристите, Али Ахмети. ДУИ ја искористи оваа динамика за да ги потврди своите програмски определби да ја направи земјата полноправна членка на Европската унија и да имплицира дека примарен приоритет е државата, со албанскиот удел во неа, и не задржувањето на никаков услов на власта“.

Вака новинарот Селадин Џезаири од Балканскиот институт за регионална соработка (БИРЦ) ја коментира подготвеноста на ДУИ да ја напушти власта за да се постигне политички компромис за земјата да го оствари сонот на многу генерации и стратешката цел за членство во Европска унија (ЕУ).

„Изјавата потврдува дека определбата на ДУИ европската иднина на граѓаните е најголемиот приоритет не е само декларативна. Друг е дискурсот што преовладува меѓу одредени македонски политички кругови, кои се будат со соништата да ја одведат партијата на Ахмети во опозиција! Добро би било ВМРО-ДПМНЕ да ги почека резултатите од изборите и потоа да заземе став за оваа или против таа албанска политичка партија! Сега, како што се позиционира, сфаќа дека пресметките ги прави без на празно! Затоа велам дека реакцијата на ДУИ беше политичка и партиска – ударна!“, изјави Џезаири за Индекс.мк.

Премиерот и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата во средата разговарале за уставните измени, но конкретен договор не бил постигнат.

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот предложил широка влада со пет министри од опозицијата, а Мицкоски сака влада во која ДУИ нема да учествува. Тој бара гаранции од ЕУ за уставните измени кои според него треба да стапат на сила по членството во ЕУ.

Related posts

НАД 40 ОТСТО ОД МАКЕДОНЦИТЕ БИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАТА

ninja

Овој е најопасниот хакер на светот

admin

Започнуваат деновите на германскиот филм

admin

БОРЕЛ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг, кои се нивните стратегии?

admin

СИЛНО ЕХО ПО ПОТЕРНИЦАТА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ЗА ПУТИН

ninja