23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Осуден разбојник бил ослободен од затворски полицаец во Идризово

Затворски полицаец од Идризово е под истрага заради пуштање на слобода на затвореник, кој треба да одлежи казна до 2027 година заради оружен грабеж.

“Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска (20.06.2023) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик”, се вели во соопштението на МВР.

Имено, според информациите на МВР, И.П. во својство на службено лице-затворски полицаец при КПУ-КПД Идризово Скопје, на 18.05.2023, додека бил на смена, на барање на Д.К. од Куманово, осуден за издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, со затворен третман, му ја отворил вратата кон Отвореното одделение, овозможувајќи му истиот да избега од КПУ Идризово.

“Со вака преземените дејствија И.П. постапил спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сторил кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, по чл. 373 од Кривичниот законик.”, се вели во соопштението.

Related posts

Високо ризични разговори во Пакистан за крај на конфликтот

admin

Над 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Блискиот Исток

admin

Зеленски бара повеќе авиони да се борат против руските воздушни напади

ninja

Кочанчанец се врза на бандера во Скопје, бара поддршка за повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“

admin

Германија предупредува: конфликтот станува сè поскап и покомплексен

admin

Тензии по инцидентот во Ново Село: СДСМ бара апсења, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за манипулација

admin