10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рокас: Уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, поблиску сме отколку што мислиме

Рокас повторно го отвори прашањето за уставните измени, оценувајќи дека Северна Македонија е „поблиску до ЕУ отколку што мислиме“, но дека за напредок е потребно политичко обединување и прагматизам.

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска повика на политичка обединетост за носење на уставните измени, оценувајќи дека тие се „последниот одлучувачки чекор“ на патот кон Европската Унија.

На конференцијата „30 години на европскиот пат: односите Северна Македонија – ЕУ и патот напред“, Рокас порача дека земјата припаѓа на европското семејство и дека процесот може да напредува доколку постои политичка волја.

„Во изминатите 20-25 години надежите и ентузијазмот беа високи, но имаше и неуспеси и разочарувања. Прашањето е како можеме да ги надминеме овие прашања и да одиме напред, бидејќи нема сомневање дека Македонија припаѓа на европското семејство и, всушност, сме многу поблиску одошто мислиме“, изјави Рокас.

Според него, рамката за евроинтегративниот процес била утврдена во 2022 година со првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, а она што сега недостига се „прагматизам, одлучност и желба за обединување на политичкиот спектар“.

„Многу значајно е да се почнат преговорите бидејќи кога ќе почнете да преговарате, тоа го менува моментот и верувањето дека секој е во позиција да ги испорача своите цели“, рече Рокас.

Тој додаде дека проширувањето е политичка одлука, но и стратешки интерес на Унијата во услови на променета геополитичка реалност.

„Живееме во ера кога меѓународниот систем базиран на владеење на правото е уништен и кога долгорочните пријателства се ставени под прашање. Нема сомневање дека ЕУ треба да одговори на овие предизвици ставајќи силен акцент на проширувањето. Нема да дозволиме да има црни дупки на европскиот континент“, изјави евроамбасадорот.

Рокас нагласи дека Европската Унија останува „кредибилен партнер“ на Северна Македонија и потсети дека најголемиот дел од трговската размена и странските инвестиции се поврзани со земјите членки на ЕУ.

Тој се осврна и на Планот за раст за Западен Балкан, вреден шест милијарди евра, оценувајќи дека финансиската поддршка е значајна, но дека реформите остануваат клучен предуслов за напредок.

Изјавите на Рокас доаѓаат во период кога власта и опозицијата остануваат со спротивставени ставови околу уставните измени, кои се услов за отворање на следната фаза од пристапните преговори со ЕУ.

Related posts

Еди Рама го напушти Опен Балкан: Иницијативата ја заврши мисијата

admin

САД истражуваат продажба на украдени податоци од албански државни системи

admin

Што остави зад себе Арбен Фетаи? Трошоци, имот и политички пресврти

admin

Британски експерт: Меѓудржавни војни ќе има во следните 20 години

admin

Трагичен настан: Не можел да трпи повеќе “булизам”, 10 годишно момче си го одзеде животот

admin

Форум за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации

admin