6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ќе поскапи ли храната? Владата чека утрешен извештај за инфлацијата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека повисоките цени на авиобилетите и транспортните услуги најмногу ќе влијаат врз инфлацијата во април, додека кај храната, според првичните анализи, растот на цените е под еден процент на месечно ниво.

Мицкоски рече дека Владата ги анализира податоците од Државниот пазарен инспекторат и очекува стабилизација на инфлацијата во наредниот период.

„Бројките што ги добиваме за цените на храната на месечно ниво, април во однос на март, се некаде под 1 процент зголемени. Најмногу се зголемени транспортните услуги и тука се мисли на нискобуџетните авиопревозници, картите и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Северна Македонија не може да остане имуна на глобалните економски движења, посочувајќи дека инфлацијата расте и во еврозоната.

Според премиерот, доколку состојбите на меѓународните пазари се стабилизираат, инфлацијата следниот месец би можела да падне под 4 проценти, а до крајот на годината да се движи меѓу 2 и 3 проценти.

Државниот завод за статистика утре треба да ја објави официјалната стапка на инфлација за април, по што Владата ќе одлучува дали ќе има дополнителни мерки за цените на храната.

Мицкоски призна дека можностите на Владата за интервенции се ограничени.

„Немаме голем простор за маневар како Влада освен да влијаеме на данокот на додадена вредност, затоа што ако ги замрзнеме цените и маржите, тогаш тие се прелеваат во другите месеци и тоа се покажа како лоша мерка“, рече тој.

Премиерот уверува дека, и покрај намаленото производство на електрична енергија од ЕСМ, нема да има поскапување на струјата до крајот на годината.

Тој оцени дека намаленото ДДВ за горивата и пониските акцизи дале резултати и дека земјата има најевтино гориво во регионот. Сепак, посочи дека институциите анализираат информации за можен реекспорт на гориво од одредени компании.

„Ако тоа се докаже, ќе има одговорност“, изјави Мицкоски.

Во меѓувреме, цената на нафтата на светските берзи падна под 100 долари за барел по најавите од САД дека војната со Иран е завршена.

Related posts

Меџити и Касами слават: 200 милиони евра за автопатот што ќе ги спои Скопје и Приштина

admin

Едгар Џозеф: САД да понуди „историска вистина“ за Северна Македонија, поинаква од таа на Бугарија

admin

34 години независност: меѓу успехот и постојаните кризи

admin

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

admin

Груби го искара Курти: Се мешаш во внатрешните политики на С.Македонија и Албанија

admin

Агелер: САД ќе го прозива секој кој ќе ја загрози демократијата во РСМ

admin