28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Нов удар врз спорна законска одредба – Уставен гледа можна дискриминација

Уставен суд поведе постапка за оценување на уставноста на дел од Законот за заштита на децата, кој предвидува парична помош за новороденчиња само ако детето е „родено на територијата на Република Северна Македонија“.

Судот го отвори прашањето дали ваквата одредба создава нееднаков третман меѓу децата родени во државата и оние родени во странство, иако и двете категории имаат родители државјани на Северна Македонија.

„Самото место на раѓање не може да биде основ за ограничување на право кое им припаѓа на државјани по сосема друг основ, односно по потекло“, наведуваат од Судот.

Според уставните судии, постои сомнеж дека законодавецот без разумно и легитимно оправдување ги става во понеповолна положба децата родени надвор од државата, со што може да се повредува начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот.

Судот посочува дека раѓањето во странство не мора да значи трајно иселување, туку може да биде резултат на непланирани околности, патување или здравствени причини.

„Секоја бремена жена има право слободно да патува согласно својата здравствена состојба, а раѓањето во странство може да биде резултат и на непланирани или предвремени околности“, се наведува во соопштението.

Уставниот суд оцени дека местото на раѓање не смее да биде критериум за различен третман на децата на македонски државјани.

Во одделен предмет, Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со образложение дека за истото прашање веќе било одлучувано во февруари годинава.

Related posts

ДУИ ја исклучи “Огнената група”

admin

Високо ризични разговори во Пакистан за крај на конфликтот

admin

Како до стан со изгор цени за квадратен метар?

admin

Руски дипломат протеран од ЕУ во чистка на шпиони сега е набљудувач на ОБСЕ на изборите во Србија

admin

Меџити: Вреди ќе биде фаворит на локалните избори, Таравари треба сам да си замине

admin

КАКО ДА СЕ ЗАУЗДА ГАЛОПИРАЧКАТА ИНФЛАЦИЈА

ninja