9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ: Мицкоски и неговата партија не направиле ништо за Резолуцијата на Бундестагот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не направиле ништо за Резолуцијата на Бундестагот, со која се гарантира македонскиот идентитет.

“Македонската јавност очекува одговори од Мицкоски зошто не направил ништо, зошто не лобирал за оваа значајна Резолуција кај сестринските партии во Бундестагот?”, соопшти СДСМ.

Според соопштението, Резолуцијата беше поддржана од сестринските партии на СДСМ, единствено против беа сестринските партии на ДПМНЕ.

“Мицкоски и ДПМНЕ воопшто не ги убедувале сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот јазик, идентитет и култура во германскиот Бундестаг.”, се вели во соопштението.

СДСМ нагласува дека “Мицкоски досега нема направено ништо за македонскиот јазик и идентитет а сега не мрднал со прст за волку важна одлука.”

Related posts

Која партија собрала најмногу донации за изборната кампања?

admin

231 доказ и седум сведоци: Денеска продолжува судењето на Груби и останатите за „Државна лотарија“

admin

ЕК оценува како ќе се одрази таксата за транзит на руски гас

admin

ВЛЕН официјално станува една партија – Лимани и Фетаи надвор

admin

Агелер: Судски совет треба да ги казнува оние кои мислат дека се над законот

admin

Путин и Казахстан потпишуваат нуклеарен договор: Москва ќе финансира 85% од проектот

admin