35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ИНФОГРАФИК Мажите најкратко живеат, годините на КОВИД-19 со поголем број на умрени

Во Република Северна Македонија бројот на умрените лица во 2022 година изнесува 22.459 и е намален за 21.2 % во однос на претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11.868 или 52.8 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица, пренесува Инбокс7.


Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари, 2802.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.5 година, односно 75.8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4.3 години се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа 41.3 % случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17.0 %, со 6.8 % се застапени случаите кај кои причина за смртта е вирусот КОВИД-19, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести се застапени со 6.7 %, а умрените лица кај кои причина за смртта се болестите на респираторниот систем се застапени со 4.5 %, по што се останатите, но со помала застапеност.

Related posts

Во чија корист е политиката „раздели па владеј“?

admin

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Муслиманите го одбележуваат Курбан Бајрам со молитви и принесување жртва

admin

Горивата поскапуваат од полноќ по растот на цените на нафтата и доларот

admin

“ФРАНЦИСКИ ПРЕДЛОГ”, ПОРАКА НА АМБАСАДОРОТ НА САД КЕЈТ МАРИ БРНЗ

ninja

Енергетска драма во ЕУ: Унгарија ќе блокира 90 милијарди евра за Украина

admin