11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Лидерска средба, какви барања ќе испорачува Мицкоски?

Уставни измени под бугарски диктат и под овие околности нема да има, и овие работи кои сега ги говорам ќе ги кажам и на лидерската средба, која од власта најавуваат дека ќе се случи, пишува ДВ.

Со оваа порака од партиска трибина во Кавадарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски однапред ги затвори очекувањата од претстојната средба со Димитар Ковачевски, која според премиерот треба да биде одржана во текот на наредните денови и на неа да се разговара за две клучни теми.

„Првата е за одлуките кои што треба да бидат донесени со цел продолжување на евроинтеграциите на нашата држава, односно да обезбедиме глас за европска Македонија. Второ, за односите со соседите и за пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење на добрососедски односи со сите наши соседни држави”, најави Ковачевски.

Во контекст на уставните измени, Мицкоски посочува едно барање.

„Ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, единствено што бараме да се почитува мислењето и ставот на повеќе од 80 проценти од населението кое порачува ‘не’ за уставни измени. Не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, стокмени, напишани по бугарски терк, а премиерот бара лидерска средба. Тоа значи дека не е искрена ниту неговата желба да се состанеме и да направиме вистински договор за иднината на оваа наша Македонија. Треба да дискутираме за нешто што веќе е напишано. Тие уставни измени лошо ќе завршат затоа што нема да добијат поддршка, но никој од власта не говори за времето – што потоа. Непоминувањето на уставните измени ќе биде дефинитивниот крај на оваа Влада и потребата на маса да се стави единствената разумна точка – оставка на Владата, народот да излезе масовно на избори и да одбере иднина“, рече Мицкоски, наведувајќи дека во спротивно кризата и поларизацијата само ќе се зголемуваат.

Според ова, темата за која Мицкоски би разговарал на средбата е – што по неуспехот на уставните измени, односно што побрзо на избори.

Според Ковачевски, во секој случај избори ќе има само во редовниот термин – претседателски во првата половина на март 2024 година, и парламентарни во втората половина на јуни.

Related posts

Владата и невладините во клинч – соработка на „стаклени нозе“

admin

СТОЛТЕНБЕРГ: Ова е најопасниот момент во европската безбедност за една генерација

admin

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ

ninja

Германија со закон за поедноставно признавање на странските дипломи за медицински сестри

admin

Гарсија: Во преговарачкиот процес пречки може да има и од други земји

admin

Русија и Лавров изолирани во Скопје

admin