19.3 C
Скопје
3 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

Новата партија на Изет Меџити и ДУИ денеска се судрија околу тоа кој е поблизок со ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. 

Новиот потпретседател на ДУИ, Бујар Османи,  на гостувањето во емисијата „Летен клик“ на ТВ21 се сомневаше во соработката меѓу Изет Меџити и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Османи рече дека тоа го темели на изјавите на Мицкоски и на создавање на нов политички субјект од Меџити.

„Овде ќе ја земам изјавата на Мицкоски, кој по средбата со Ковачевски во Владата вели дека мора да се потрудиме да ја разбиеме ДУИ и да ја помогнеме новата албанска опозиција. Не сакам да шпекулирам туку само ги поврзувам политичките случувања“, рече меѓу другото Османи.

За кратко време стигна и реакцијата од Политичкото движење предводено од Меџити. Според нив, изјавите на Бујар Османи, Османи фабрикува анализи и завери.

„Гнасен е фактот што последните витези, последните бранители на Груевски до пребегнувањето во Унгарија, луѓето кои беа попишани во канцелариите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои сè уште работат да го вратат во Скопје, измислуваат длабоки анализи и заговори за политичка блискост со македонскиот блок”, се вели во реакцијата на партијата на Меџити. “Ова е и сведоштво за состојбата на паника во која се наоѓаат по големото незадоволство во базата. За нивна и за среќа на граѓаните, на овие манипулации им дојде крајот, албанскиот гласач има извонредно чувство за политичко вреднување. Ние, новото политичко движење, нема ни да се занимаваме со овие теми, нашата сила доаѓа од албанскиот граѓанин, нашиот гласач, нашите поддржувачи, пред кои ќе ја промовираме нашата платформа, со нови кадри, визија и креативни идеи.”

 

Related posts

Северна Македонија нема да испрати војници во Украина, воената помош сè уште се разгледува

admin

Има ли власта привилегирани општини?

admin

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во тридневна официјална посета на Северна Македонија

admin

МНР ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ПРАТЕНИКОТ КОСТАДИНОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРИЈА

ninja

Северна Македонија постигна стратешки договор со Британија во вредност од 6 милијарди евра 

admin

Ахмети: Таравари сфатил дека Владата е антиалбанска – можно разгледување на нова соработка

admin