14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Расте извозот, овие се најголемите трговски партнери на С.Македонија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 219 268 075 илјади денари и бележи пораст од 5.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 283 565 899 илјади денари, што е за 7.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, велат последните бројки на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 3 843 601 илјада САД долари и бележи пораст од 4.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 971 655 илјади САД долари, што е за 9.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 1 128 054 илјади САД долари.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 64 297 824 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 77.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

 

Во периодот јануари – мај 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

 

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 3 557 689 илјади евра и бележи пораст од 6.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 600 963 илјади евра, што е за 7.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2023 година, изнесува 1 043 274 илјади евра.

 

 

Related posts

Аналитичари: Приклучувањето на Алијанса за Албанците кон албанската опозиција e шанса ДУИ по 20 години да биде симната од власт

admin

Германија сака да ги враќа бегалците во Сирија

admin

Корупција: Добриот глас се шири брзо, лошиот уште побрзо

admin

Собранието се подготвува за седницата број 1

admin

Здравството во 2023 – „убиствена“ приказна која ги исели и пациентите

admin

Има ли власта привилегирани општини?

admin