7.8 C
Скопје
2 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Џемаил Даути смирува: Нема да има нови поскапувања

Помина ли периодот на инфлација и покачување на цените на прехранбените производи?

Џемаил Даути, директор на една од најголемите компании за дистрибуција на стока за широка потрошувачка- Даути Комерц, вели дека првичните сигнали покажуваат дека и покрај стравувањата на граѓаните нема да дојде до нов ценовен шок поради одмрзнувањето на трговските маржи, пренесува Инбокс7. 

Во интервју за порталот „Локално“ Даути вели дека потрошувачите нема дополнително да го оптоварат својот куќен буџет плаќајќи повисоки цени за лебот, јајцата, маслото за јадење, шеќерот…

„Нема да ги покачиме цените на производите. Пазарот е веќе стабилизиран а трговците се однесуваат соодветно на условите на пазарот. Не само што ќе останат исти цените, туку можат и да се намалат бидејки се намалува берзанската цена и на пченицата и на брашното а тоа има влијание на крајната цена на лебот“, вели Даути.

Ваквиот след на работите според него само ја потврдува претходната оценка на трговците според која мерките за лимитирање на цените беа непотребни.

„Државата има регулаторно тело за регулирање на конкуренцијата на пазарот , а тоа е Комисијата за заштита на конкуренција. Во случај на појави на злоупотреби од страна на одредени трговци, Владата има инструменти и правни механизми да го регулира слободниот пазар“, посочува Даути.

Она што според него Владата треба да го направи е да ги ослободи трговците од увозни давачки за основните прехрамбени артикли.

„Не е логично еден производ да има 30 % царина, а 5% данок во цената. Сите производи треба да се ослободени од царини. Македонија е дел од ЦЕФТА и многу други меѓународни асоцијации, а сепак се соочуваме во ситуација за некои производи од некои земји да има високи царини а од други земји да нема царина“, забележува Даути.

Забелешки во однос на високите царински давачи пред неколку денови упатија и од месната инсустрија. Во оваа насока е и нивното укажување дека за секој увезен килограм месо како суровина, месната индустрија плаќа дополнителни 27 денари царински давачки.

Дополнително, цената на месото е поскапена во цела Европа, поради што проекциите на оваа индустрија покажуваат дека месните производи ќе бидат поскапени за 5 до 10% во зависност од увезениот артикл.

Одлуката за продолжување на ограничувањето на трговските маржи за основните прехрамбени производи до 30 јуни беше донесена пред два месеца. Со одлуката највисоката трговска маржа за бел леб (сечен на парчиња или цел), шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до 5% во трговијата на големо и до 5 % во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврди на висина до 10% во трговијата на големо и мало.

Related posts

Зошто Трамп молчи за пресвртот на Бајден со ракетите

admin

Каде е добрата волја во формулата за добрососедски односи?

admin

Со заем од нафтените резерви ќе се решава кризата во ЈСП

admin

РУМЕН РАДЕВ ГО ВРАЌА ВО ИГРА ВЕТОТО ЗА С. МАКЕДОНИЈА

ninja

Има ли власта дигитрон да пресмета достоинствено работно време?

admin

Бајден загрижен за ситуацијата на Косово, ангажира помошник да разговара со Вучиќ и Курти

admin