12.8 C
Скопје
16 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пораст на индустриското производство и на бројот на вработени во индустријата

Индустриското производство и бројот на вработени во индустријата бележат пораст во Северна Македонија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, пренесува Инбокс7.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст од 8.6 %, во секторот

Преработувачка индустрија бележи пораст од 5.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.0 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните
оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 2.7 %, Капитални производи за 7.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.7 %.

Од друга страна, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи опаѓање од 2.2 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.

Related posts

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

Светот низ карикатури

admin

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin

Странци ни ги опремуваат лабораториите – Македонија „скржава“ за наука

admin

Петровска за набавката на хеликоптерите: Немаме што да криеме, ќе одговориме на секое прашање од Антикорупциска

admin

Џафери: Има време да се заменат документите до избори

admin