22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Таткото-монструм изведен пред суд

Урош Пашајлиќ, кој својата осумгодишна ќерка ја држел затворена во стан во када, е изведен во Првиот основен суд во Белград, каде денеска ќе започне неговото судење. Тој е донесен со полициско комбе од притворот, каде се наоѓа од неговото апсење, пишуваат српски медиуми, пренесува Инбокс7.

Во обвинението против него, Пашајлиќ е обвинет дека долго време го држел девојчето во нехумани услови, кои се детално опишани. Но, во ниту еден дел од обвинението не се занимава со одговорноста на институциите за кои ова дете со години било невидливо.

Девојчето по раѓањето извесно време поминало во Детскиот дом во улицата Звечанска, бидејќи било утврдено дека и татко и и мајка и биле зависници од наркотици.

Не е познато дали детето се лекувало во здравствените домови Ѕвездара и Палилула, како и дали здравствените работници забележале знаци на насилство или родителска занемарување во однос на здравствената состојба на детето, дали е правилно вакцинирано и дали, доколку е забележано, насилство или запоставување пријавени во други надлежни институции.

Во обвинението што против Пашајлиќ го покрена Првото основно јавно обвинителство во Белград, според нашите неофицијални информации, стои дека Урош бил зависник од кокаин, дека често ја оставал девојката сама во станот без никаков надзор и родителска грижа.

Детето било пронајдено благодарение на пријавата на партнерот на Пашајлиќ во полиција, кого исто така го малтретирал.

 

Related posts

ДУИ: Тошковски и Коцевски инсценираат „трансакциска правда“ за трагедијата во Кочани

admin

Владата жестоко удри по новинар: Што навистина се случи со Јаневска?

admin

По пожарот во „Пулс“, политичарите го избегнуваат Кочани — експертите предупредуваат на политички последици

admin

Мицотакис во Вашингтон: Сериозно сум загрижен кога новата Влада ја нарекува државата Република Македонија

admin

Европа го турка САД на страна во Хормуз: план на Стармер и Макрон може да го разгневи Трамп

admin

Тензии во Кремљ: Дали Путин го отстранил Лавров?

admin