32.8 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Антикорупциска бара истрага за ДУП-от за бензинската на „Пуцко Петрол“

Иницијативата на Антикорупциската Комисија до Обвинителството го вклучува градоначалникот Стевче Јакимовски и советниците кои учествувале во постапката за изгласување на деталниот урбанистички план. За антикорупционерите, промената на ДУП-от претставува организиран криминал, јави РСЕ.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе бара од Обвинителството за организиран криминал и корупција кривично да ги гони сите кои учествувале во постапка за донесување на деталниот урбанистички план во Карпош за бензинската станица на „Пуцко Петрол“. И тоа во периодот од неговото прво усвојување во 2016 година во мандатот на градоначалникот Стевче Јакимовски, се до неговото укинување по втор пат од Уставниот суд.

На денешната седница, членот на ДКСК, Шемши Салаи, соопшти дека институцијата утврдила состојби кои укажуваат на сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп.

Покрај кривичната постапка, ДКСК ќе поднесе и претставка до Министерство за локална самоуправа на РСМ, во која ќе бара распуштање на Советот на Општина Карпош, бидејќи го прекршиле членот со кој „повторно го донеле прописот што претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд“.

Related posts

ЕУ УДИРА ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Нема Instagram и TikTok без 16 години?

admin

Северна Македонија останува посветена на поддршката за Украина

admin

Кој е човекот што пукаше во Трамп?

admin

Што ја мотивира „премиерата“ на Али Ахмети?

admin

Партиите ги отвораат картите – се вжештува реториката меѓу власта и опозицијата

admin

Една четвртина од Собранието на апанажа

admin