18.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

И по истражувањето на ИРЛ, Владата се мисли дали ќе им плати на „Брако“

Две прашања се поврзуваат со модуларните здравствени објекти, дали Владата ќе го плати долгот за нивна изградба кон „Брако“ и дали се безбедни за да примаат пациенти. Но, и за двете прашања и Владата и Министерството за здравство допрва ќе одлучува. Еден таков објект изгоре при што загинаа 14 луѓе, јавува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Дали компанијата „Брако“ ќе добие пари за трите изградени модуларни амбуланти, Владата допрва ќе одлучува. За да одлучи, Владата прво ќе го разгледа интерниот ревизорски извештај на Министерството за здравство што го нарачал поранешниот министер Беким Сали и останатите документи кои ги добила Владата. Компанијата на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев „Брако“, заврши три од предвидените 10 модуларни амбуланти.

Долгот се однесува на три модуларни амбуланти кои се под ингеренции на Здравствен дом Скопје, а се поставени во скопските општини Ново Лисиче, Бутел и Ѓорче Петров.

Проектот беше стопиран откако изгоре модуларната болница во Тетово во 2021 година. Модуларните болници повторно се најдоа во фокус на јавноста, по документарниот филм на Истражувачката репортерска лабораторија ( ИРЛ) за пропусти во изградбата и причините за пожарот во тетовската модуларна болница во која загинаа 14 луѓе.

Компанијата „Брако“ ја тужи државата затоа што не и биле платени парите за веќе изградените три модуларни амбуланти.

„Тие не се платени, на оваа тема бивши министри на политички теми се препукуваат со своите наследници. Претходниот министер има нарачано ревизија и таа е доставена до Владата заедно со документите кои што се однесуваат на неплатените модуларни болници и сметам дека врз основа на сите тие документи и Владата ќе одлучи. Мој став е дека врз основа на сите документи за плаќањето на останатите ќе може да биде извршено кога ќе завршат сите правосудни постапки“, изјави на 17 август премиерот Димитар Ковачевски.

Претходно, актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити на 13 јули година одговарајќи на новинарско прашање посочи дека при средбата со претставници на компанијата „Брако“ е договорено спогодбено да ги исплатат парите.

„Тоа е веќе судски процес и имаше многу камати. Седнавме со сопствениците од компанијата, се договоривме да ги тргнат каматите, спогодбено да се исплати тој износ, тоа што имаат изградено, тоа што е во ред, а за другото да се тргнат од тоа што го бараат. Тоа го поминавме на Влада, како информација и за тоа добивме поддршка“, изјави тогаш Меџити.

Но, во последното соопштение од Министерството на 15 август е наведено дека „не е исплатено ништо за амбулантите, додека Владата не донесе одлука за тоа“.

Според истражувањето на ИРЛ, модуларната ковид-болница во Тетово, била градена несоодветно заобиколувајќи повеќе законски процедури. Се граделе без елаборат за електрична инсталација, без елаборат за противпожарна заштита, со употреба на материјал кој што при пожар брзо гори како и без надзор на изградбата и низа други законски пропусти.

Во 2020 година, Министерството за здравство одлучи во 16 градови во земјата да се формираат ковид-центри со цел да се подготви здравствениот систем за најавениот бран на зараза со новиот вирус, а од друга страна да не се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти. Вакви монтажни објекти беа изградени онаму каде веќе постојат општи болници и здравствени домови.

Related posts

Парламентарни ибори на 8 мај, заедно со вториот круг претседателски: има ли договор меѓу партиите?

admin

Дали забраната за руски дијаманти ќе биде ефективна?

admin

Десетици закони и одлуки во Собрание чекаат „брзи прсти“

admin

ВИДЕО АНАЛИЗА: Лоша вест за Москва – Ердоган „слабее“ во анкетите

admin

Ковачевски алармира за последиците ако не се случат уставните измени

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin