17.8 C
Скопје
27 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

„Шпигел“ за Вучиќ: „Кукларот од Белград“

„Западот смета дека претседателот Александар Вучиќ е важен соговорник. Владимир Путин треба да биде среќен поради тоа“, пишува германскиот неделник „Шпигел“.

Тој е, без сомнение, голем државник. Претседателот на Србија е висок речиси два метра. Само во разговор Александар Вучиќ понекогаш се прави претвора во помал отколку што е навистина(…) Претседателот се гледа себеси како гарант на мирот на Западен Балкан, но секој што разбира српски, чита меѓу редови и ја следи агитацијата на приватните телевизии, лојални на режимот, ќе дојде до друг заклучок: да речеме дека Вучиќ има се што е потребно за да биде пироман“.

Вака започнува мошне опсежниот напис со наслов „Кукларот од Белград“, објавен во печатеното издание на германскиот неделник „Шпигел“, а потпишан од новинарот Валтер Мајер.

Авторот потсетува дека „десетици илјади луѓе со месеци протестираат против автократскиот претседател во Белград и во другите градови на Србија“.

Протести против насилството во Белград
Протести против насилството во БелградФотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

„Надворешнополитичкиот курс на белградскиот куклар е како одење по јаже“, пишува весникот. „Односите со Брисел исо  Вашингтон се прокламираат, но се негуваат и оние со Пекинг и со Москва. До денес, Белград не се приклучи на санкциите против Русија. Наместо тоа, расте малтретирањето на руските опозиционери кои побегнаа во Србија“.

Улогата на Москва

„Генерално, работите во регионот во последно време излегоа од контрола“, оценува германскиот магазин. „Во Косово, припадниците на српското малцинство лојални на Вучиќ онеспособија десетици војници на КФОР, во Босна се распишува референдум за отцепување на мнозинскиот српски дел од Република Српска, а во Црна Гора, членка на НАТО, повеќе просрпски сили се подготвуваат да го преземат кормилото на владата“.

„Дали Москва го користи Вучиќ како алатка во обид да шири раздор надвор од Украина, во срцето на Европа“, прашува авторот – и го нуди следниот одговор:

„Истражувањата меѓу руските православни браќа во Србија го потврдуваат тоа. Иако оваа балканска земја преговара со Брисел речиси десет години, повеќе од половина од граѓаните на референдум би гласале против членството во ЕУ, а 45 отсто од испитаниците го опишуваат Путин како најдобар и врвен светски политичар. Го следи – на значително растојание – шефот на кинеската држава Ши Џинпинг“.

„Железната клешта“ на СПЦ

„Вучиќ се гледа себеси како претставник на сите Срби, вклучувајќи ги и оние кои живеат во Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Косово. Централна улога во неговите пресметки има моќната Српска православна црква, која држи 15 милиони православни Срби ширум светот со железен клешта. Поради ова, Вучиќ го фаќа во замка свештенството, кое во 90-тите беше критички ориентирано кон великосрпскиот деспот Слободан Милошевиќ – за време на кој Вучиќ беше министер за информации“.

„Доколку сакате да добиете претстава за смислата на мисијата на претседателот и на голем дел од српската елита, доволно е да погледнете во огромните размери на катедралата Свети Сава во срцето на Белград. “ пишува германски новинар, потсетувајќи дека руски Газпром ја финансирал изработката на мозаици во храмот и дека „претседателот на Србија стоеше во стража кога Путин дојде во 2019 година за во ликот на Спасителот да вметне три црвени, бели и сини камења  – во боите и на руската и на српската тробојка“.

„Адутот во покерот“ на Вучиќ

„Секогаш кога е под внатрешен политички притисок, Вучиќ се чини дека ги пушта од поводникот своите насилни поддржувачи од северот на Косово, кој е претежно населен со Срби“, пишува весникот.

„Косово е Гордиев јазол во ткивото на Европа и адут на Вучиќ во покерот за моќ на Балканот“, пишува Шпигел. „Легии високи дипломати во име на Брисел илина  Вашингтон не успеаја да го решат тој проблем, а Вучиќ не помислува под цена да се откаже од својата преговарачка улога“.

„Косово е исто толку важно за нашата црква колку што е Ватикан за католиците“, ги пренесува „Шпигел“ зборовите на патријархот Порфириј, кои ги кажа на Видовден во манастирот Грачаница.

Иако Србија долго време преговара со ЕУ, расположението во земјата е проруско
Иако Србија долго време преговара со ЕУ, расположението во земјата е прорускоФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

„Сценографијата е нереална: сокриен зад ѕидините на манастир од 14 век, на српски остров опкружен со албански села, патријархот седи чуван од полицајци и војници на КФОР. И тој повикува на мир меѓу народите, кој Вучиќ редовно се загрозува од Белград – или со дозволување на српските војници да напредуваат до границата со Косово, или со навредувањена неговиот албански преговарачки партнер, премиерот Албин Курти, како „терористичко ѓубре““.

БиХ – „знаците укажуваат на бура“

Кога станува збор за Босна и Херцеговина, „Шпигел„ потсетува дека Вучиќ во 2015 година, тогаш премиер на Србија, лично се појавил во Меморијалниот центар Поточари во близината на Сребреница.

„Тука се погребани речиси 7.000 муслимани кои беа убиени од српските војници и од припадниците на паравојската. Вучиќ мораше да бега од гневните роднини на жртвите под полициска заштита“, пишува весникот.

„Со благослов на Вучиќ, негирањето на геноцидот сега стана институционално. Големосрпската идеологија е жива, таа само го смени името и сега се нарекува ‘Српски свет’“, ги цитира германскиот магазин зборовите на Хасан Хасановиќ, кој како момче го преживеал масакрот, а денес работи во Меморијалниот центар.

Тој вели дека кој го негира геноцидот, негира и „дека зад тоа масовно убиство стои српската држава и нејзините институции“. „Шпигел„ оценува дека со Договорот за соработка меѓу Србија и Република Српска во областа на образованието и културната политика, Вучиќ во 2020 година „поставил уште една експлозивна направа“. Нејасно е, се наведува, „дали и кога претседателот на РС, Милорад Додик, сериозно ќе го сфати својот план да ја растури Босна и Херцеговина – тој геополитички експеримент, како што тој се потсмева – со отцепување на Република Српска“.,

„Вучиќ зборува за ‘голема и сериозна криза’ во соседната земја, без да прецизира како има намера да придонесе за смирување на тензиите. На средбата одржана на 20 јули во Белград, на која присуствуваа патријархот, тој и Додик, е разговарано, како што се наведува, за прашања од „национално значење за српскиот народ“. Звучи како знаците да укажуваат на бура“, пишува германскиот магазин.

Белградска пресметка во Црна Гора

Во Црна Гора, германски новинар разговарал со свештеникот Мијало Баковиќ. Го претстави како ветеран на 63-та југословенска падобранска бригада од војната во Косово, а го спомна и неговиот прекар „црногорски Рамбо“.

Баковиќ, пишува весникот, „учествувал во основањето на балканските козаци на Јадранот, одржува контакт со моторциклистичките банди „Ноќни волци“ поврзани со Кремљ и е редовен гостин во Русија. Тој дури му понудил на владетелот на Кремљ сопствен плац на Јадранот, во случај Путин да сака да ја напушти Москва на некое време“.
„Не сакам да бидам дел од ‘српскиот свет’ каков што го сака господинот Вучиќ во Белград, затоа што ние Црногорците ја сакаме слободата, не сакаме синџири“, го цитира весникот Баковиќ. „Меѓутоа, според Баковиќ, неспорно е дека ‘Црна Гора во суштина е етнички српска држава’. Во последните анкети, 32 отсто од населението се изјасниле како Срби.“

Претседателите на Црна Гора и Србија, Милатовиќ и Вучиќ
Претседателите на Црна Гора и Србија, Милатовиќ и ВучиќФотографија: Darko Vojinovic/dpa/AP/picture alliance

„Белградската пресметка е следна“, заклучува германскиот магазин: „колку повеќе етнички Срби има во Црна Гора според статистичките податоци, толку е поголема оправданоста да ги заштитиме и да се прашуваме за нивната судбина. Овој стратешки пристап Путин насилно го демонстрираше на примерот на руските граѓани во Грузија, Донбас и на Крим“, заклучува „Шпигел“.

Related posts

Нов однос кон Софија или загревање за избори?

admin

Нередовно читање на струјомерите – повисоки сметки

ninja

ВУЧИЌ: ПОКЕР ОКОЛУ ОДЕЊЕТО ВО ТИРАНА

ninja

Обвинителство поднесе обвинение за Феникс, за спомениците од Скопје 2014

admin

Не е точно дека наградуван македонски студент измислил иновативен метод за враќање на видот

admin

Агелер: САД ќе го прозива секој кој ќе ја загрози демократијата во РСМ

admin