10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Поплави во Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина по обилните врнежи од дожд

Обилните врнежи од дожд што го зафатија регионот на Западен Балкан предизвикаа поплави во делови на Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при што стотици домови беа поплавени, а локалните власти спроведоа евакуации, соопштија во средата надлежните служби.

Најпогодени области во Албанија се регионот на Драч и јужниот град Ѓирокастро, каде што локалните власти соопштија дека стотици куќи и деловни објекти се под вода. Според првичните информации, во Драч се поплавени околу 800 домови, а најмалку 180 лица биле евакуирани.

Во Црна Гора, обилните врнежи предизвикаа излевање на дел од реките и поплавување на населени места во околината на Подгорица. Неколку патни правци беа затворени, а семејства беа превентивно евакуирани, соопштија локалните служби за вонредни состојби.

Силните дождови предизвикаа пораст на водостојот и во Босна и Херцеговина, особено во регионот на Херцеговина, каде што реката Неретва се излеа на повеќе делници. Дел од патиштата беа затворени, а властите издадоа предупредувања за можно понатамошно покачување на водата.

Надлежните служби во трите земји соопштија дека состојбата внимателно се следи и дека е во тек работа на терен за помош на населението. Нема официјални информации за жртви.

 

Related posts

Шкелзен Малиќи: Руските и српските служби стојат зад вооружените инциденти во Косово

admin

Макрон бара од Израел воздржаност во Либан

admin

Фон дер Лајен завршува 100 дена: Што вети а што оствари?

admin

„Не сме наивни“: Муцунски со директна порака до Бугарија

admin

Лимани најавува “расчистување на маглата” во Кичево

admin

ЛОГА МУ „ПРЕСУДИ“ НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА

ninja