26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Браво за Макфакс, си ја постигна целта

Пишува: Диана Тахири

Едитирано- Макфакс има корекција, но други портали ја пренеле првичната содржина. Браос за Макфакс, си ја постигнаа целта!

Макфакс фатиле лоша кривина со оваа вест.

Двајцата монструми се Албанци од Косово, се што се случило а е опишано во веста, е точно, но без дополнителни и релевантни факти. Девојката претходно била во вонбрачна заедница со еден од монструмите, другиот му бил другар на првиот и му помогнал во монструзното насилство.

Монструмот зад себе има уште неколку кривични дела за кои, за жал, не одговарал пред правдата, поради семејни врски во косовското судство.

И, се случи пред две години во Феризај (Урошевац), во Република Косово.

Не во јужна Србија, како што пишува Макфакс.

Денеска тој е осуден на доживотна робија, што е, повторно ќе кажам, за жал, мал напредок во третирањето на случаите со насилства и убиства на косовските жени, за што косовското општество алармира и протестира постојано, бидејќи насилниците и убијците не се соодветно казнети и третирани од судовите.

Така што, кога ќе се објави ваква вест, би требало да се согледаат сите факти, да се прочепка и по косовските медиуми, и секако, постојат преведувачи што точно ќе им помогнат на вакви медиуми да ја пренесат веста. И, да ја погодат територијата на која се случил одреден настан како овој.

Не е толку тешко, напротив!

 

(Превземено од Фејсбук профилот на авторката)

Related posts

Први мај во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Напредокот мора да биде насочен кон луѓето

admin

ДУИ влегува во нова политичка фаза

admin

Време е за нова политичка класа

admin

Кој се плаши од уставните измени?

admin

За да ги разбереме настаните во Сирија мора да ја видиме улогата на Турција

admin

Eден дух што недостасува

admin