15.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Како посетата на Албин Курти го разбранува регионот

Една посета, без средби со државно-владиниот врв, но со сериозни политчки импликации – како домашни, така и регионални, јавува Глас на Америка на македонски јазик.

Два дена по престојот на косовскиот премиер Албин Курти не стивнуваат реакциите на политичките партии, но и на дел од јавноста, како за истакнувањето на знаме на Голема Албанија за време на неговиот настап во Тетово без притоа да има какви било други државни симболи на С. Македонија, така и за неговото присуство на преименувањето на чаирската улица „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“.

Опозицијата ја обвинува власта, бара одговорност и порачува дека „не држат вода“ објавите од кабинетот на Димитар Ковачесвки дека премиерот не се согласува со „преименување на улица која го носи името на херојската „Втора македонска бригада“.

„Ова е листата на имињата со одлука на Шилегов и СДС кои што го водеа Советот на Град Скопје и како советници од СДС и ДУИ ја прифаќаат предлог листата на Шилегов во март 2021 година. Ова е информација на сајтот на Град Скопје, каде што стои избор на нови имиња кои што ќе бидат содржани во предлогот. Фактички го најавува предлогот на градоначалникот Шилегов и Советот, земени се в предвид етничките, културните и социјалните специфики и ова не случајно го читам и вели во таа насока во редот на нови имиња на улици ќе се најдат и „Беким Фехмију“, „Ибрахим Ругова“, „Адем Демачи“ и „Мајка Тереза“. И ова е листингот со промената на имиња од 2021 година, каде што како 142 предлог кој што поминува, а е промена на „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“! Значи, јасно стои промената на името „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“! И оттука почитувани, Владата на СДС со Заев, со гласање на Ковачевски, а на предлог на Шилегов, во 2021 го менува името на „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“!“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тетовските социјалдемократи, каде беше истакнато знамето на Голема Албанија пак, вината ја гледаат кај организаторот на петочниот настан – градоначалникот Билал Касами кој, како што велат, бил избран и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и кој од посетата на Курти си направи промо-клип за социјалните мрежи.

„Ниту збор не кажа Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната. Молчи Мицкоски и за провокациите. Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот. Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес-конференции токму овде во општинската зграда“, рече Марија Костовска-Наумовска од СДСМ.

Реагираше и претседателот Пендаровски порачувајќи дека „истакнувањето провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост“ и дека организаторите на собирите во Тетово и во Чаир мора да бидат санкционирани за кршењето на законските одредби за употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците.

„Што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнеме дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ù се додворува на ДУИ за да го поддржи и за една кандидатура. Освен тоа, се чини, тој сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека им е лојален кон `нив` и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки“, рече Орхан Муртезани од Алтернатива.

Реакции стигнаа и од официјален Белград.

„Посетата на Албин Курти на Северна Македонија беше скандал над скандалите, тој беше прикажан како премиер на сите Албанци, преименувана е улица по големоалбанскиот сепаратист Адем Демачи…“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Related posts

Бајден и Трамп победија на прелиминираните избори во Мичиген

admin

ЌЕ ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА ЛЕБОТ, МЛЕКОТО И МЕСОТО

ninja

Националистичка иконографија во трка по гласови

admin

Засега, повеќе странски од домашни набљудувачи за изборите

admin

Ангеловски: Одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор

admin

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin