8.8 C
Скопје
27 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Незири за бугарската БНТ: Уставните измени ќе поминат, опозицијата нема да ги блокира

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени иако беше најгласна против тоа. Доколку не гласа за нив, оваа партија нема да ги блокира тие да се случат кон крајот на оваа година. Ова го изјави новинарот и аналитичар од Република Северна Македонија, Џелал Незири за Бугарската национална телевизија БНТ, пренесува Инбокс7.

Тој рече дека колективните оставки на министрите на Демократската унија за интеграција се продолжување на политиката на нејзиниот лидер Али Ахмети, кој беше многу вклучен во подготовката и спроведувањето на Францускиот предлог од минатата година.

„Со овие оставки Демократската унија за интеграција ДУИ го отвори патот за гласање на уставните измени. На овој начин ДУИ исполнува еден од условите кои ВМРО-ДПМНЕ ги постави на средбата со премиерот Димитар Ковачевски и на овој начин придонесува за решавање на оваа политичка криза и тапкање на едно место во однос на евроинтеграциите. Така, овој процес ќе биде деблокиран и земјата продолжува да напредува во преговарачкиот процес со ЕУ. Да потсетам дека Францускиот предлог се случи и како одлука минатата година, на иницијатива на Али Ахмети, кој е лидер на ДУИ. Тој беше многу активен на оваа тема, како во контактите со Софија, така и во процесите во Северна Македонија. Неговата цел беше да создаде атмосфера каде двете страни ќе можат да се зближат и да постигнат компромис. Ова ја доби формата на „Францускиот предлог“. Затоа, мислам дека овој потег е продолжение на визијата на ДУИ и нејзиниот лидер, Северна Македонија похрабро и побрзо да се придвижи кон ЕУ, а тоа може да се направи само со отворање на првите поглавја и исполнување на критериумите кои се поставени од Брисел“, рекол Незири.

Во врска со условувањето на Албанските опозициски партии, кои бараат да се замени терминот „20 посто“ со албанскиот јазик, заедно со влезот на македонските Бугари во Уставот, Незири изјавил дека тоа е парадоксално барање.

„Пред извесно време напишав дека слични барања што постоеја за време на претходните уставни измени во 2018 година, кога требаше да се спроведе Договорот од Преспа, кога земјата го смени името, кога се бараше да се отстрани терминот 20% кој се однесуваа на етничките Албанците во РСМ. Ова денеска повторно се предлага, бидејќи ќе се отвори Уставот, поради преземените обврски по „Францускиот предлог“ на ЕУ, кој е анекс на Договорот за добрососедство и пријателство. Овие барања освен што се нелогични, се резултат и на обидот за собирање на политички поени, се дневна политика. Во земји како РСМ, каде меѓуетничките односи се многу кревки, операциите слични на отворањето на Уставот, ако го користам медицинскиот речник, треба да бидат минимално инвазивни. За ова мислам дека е потребна посебна иницијатива и секоја етничка албанска партија во Македонија која навистина работи за оваа кауза и навистина мисли дека ова треба да се промени треба да преземе таква иницијатива и да се промени самата, но не да ги искористи другите иницијативи. Затоа што тоа е како да се прави свадба со музиката на соседите“, рекол Незири.

 

Целото интервју можете да го најдете ТУКА

Related posts

Губи ли ДУИ од „Огнените“ и од обвинувањата за корупција?

admin

Жртви и заложници од 23 земји на светот

admin

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до Антикорупциска информациите за сокриен имот на функционери

ninja

„РЕФОРМИ“: Власта со една рака затвора институции, со двете отвора нови

admin

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin

САД се блиску до договор со Израел и Хамас за да го прекинат конфликтот, да ослободат некои заложници

admin