13.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Приведен жител на Студеничани, превезувал 10 мигранти од Сирија

Во текот на вчерашниот, во 20.00 часот, на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, пред влез во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода О.Р.(20) од с.Студеничани, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, пренесува Инбокс7.

„Имено, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Related posts

Шофер од Албанија фатен во „Деве Баир“

admin

Приведен 66-годишник од Скопје, бил баран со централна потерница

admin

Лишена од слобода жена од Гостивар

admin

Прегазен пешак во Тетово, возачот побегнал

ninja

За еден ден 167 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор

admin

Пронајдени исчезнатите мотоциклисти од Штип

admin