21.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Цццц… неверојатно! Преку “таквото” веќе!

Пишува: Каролина Ристова – Астеруд

Ма слободно барајте си пат! Којзнае, може тоа е начинот конечно да се приземјите со тотално изместените блеф-позераи во себеперцепциите, уште повеќе со ѓон- отсуството на свесност и самокритичност за тоа како другите по Европа ве перцепираат, секако не оти така им доаѓа, и без причини и основ. Може само така конечно ќе се соочите со сопствените идентитетски карактеристики и проблеми во дворот кои во многу работи се ептен туѓи на Европа, воевропско влијание во албанското ткиво, по многу работи и антитеза на се’ европско. А и со историски и актуелни багажи, некои и сериозно загрозувачки за Европа, не само од типот на агресивен и деструктивен национализам и национал-шовинизам, туку и невиден во современи евро услови етничко-верски трибализам и трибална “чистота” (нешто мешани бракови со останатите во регионот или со другите Европјани, има такво нешто, или премногу неалбанци и каури се за албанско-муслиманскиот вкус, особено ако не сакаат да се конвертираат или ја одбиваат обврската за идните деца да бидат само со таа и таква припадност?), па поседување агенс и демографски контингент на и за исламски верски фундаментализам и политички ислам/исламизам/исламофашизам (како индикатор, колку беа и се’ бројките на ИСИС- приврзаници, логистика и отидени по глава на жител, а?), па цела приколица на албанска мафија по тврд клановски принцип која хара по Европа и се занимава со многу индикативни облици на криминалитет, сосе и од идентитетско-културен аспект, особено кои се таргетираат за жртви ( на пример, кои се таргетираат за жртви за трговијата со жени и присилна проституција, по кои тоа културни и верско-теократски доктринарни видувања, да не се се’ неалбанки и “каурки”, а?), па уште една приколица на (не)легална имиграција која, згора на се’, влегува и во европскиот проблем на имигрантска неинтеграција и нелојалност, па сериозни бројки кои чувствуваат идентификација и лојалност со и кон т.н исламски свет, од Ердоганова Турција па натаму накај Блиски Исток, а не со Европјаните и Еврозападот. Добро, мислите дека Европјаните и Еврозападот дотолку абер си немаат ?! Французите не знаат кој тоа им хара по Кале и Ламанш, на пример?

Всушност, како сте тргнале, зошто не одите со модифициран контрапредлог на оној на Курти, па “албанските територии” во Македонија (на пат да бидат исчистени од се’ неалбанско и се’ немуслиманско токму во пост-рамковна Македонија, секако и со ефект и на тотална себеизолација и ставање “на бришан простор” на Албанците наспрема сите други Европјани кои со тоа ќе немаат никаква испреплетеност и инвестираност во нив, ма многу “паметен” пристап, нема што), да одат заедно во група со Албанија, Косово и Турција? Зошто да не, на Албанците од Македонија ќе им ставиме етничка припадност и во пасош, како што се сака за во лична карта, па и верска, треба и на тоа да инсистирате, да ве разликува каурска Европа без никаков напор. Ете ви начин за групировка по поголема идентитетска близина, еве ви начин како да ја делите истата судбина со вашата албанско-турска група.

А и на купче со Турција ЕУ да ги разреши тоа дилемите, дали земји со сериозни милиони мнозинско муслиманско население и исламски идентитет, култура, традиции , вредности, (теократска) идеологија, преферирање шеријат за правен поредок, итн., може да се вклопи во Европа, секако, без тоа да не е на штета на неа самата и на Европјаните како “каури” и каурската им харам-култура и цивилизација. Да ви го нацртам јас одговорот, и политички, а и теренски што се исцртува заради искустватата со таквата имиграција, што само го засилува и политичкиот одговор?

Остатокот од Македонија, нормално, да оди заедно во група со Србија и Црна Гора, по ист критериум на идентитетска блискост (Словени, па каури, итн., нели,нешто што редовно многу Албанци потенцираат – па што тогаш бараме во нивното ценето сеалбанско и најпрестижно не-каурско друштво, кое наводно ич не е проблематично за било која држава-членка во ЕУ, па само ние сме ги кочеле?). Ако така, живи биле, па да видиме кој попрво ќе влезе во ЕУ. Јас се кладам на оваа втората група, и може нашироко-надолго да се доцрта и доаргументира зошто.

***

За преименување улици со кои се чествуваат храброста и жртвата на народноослободителните и антифаши бригади од време на Втора Светска Војна и НОБ во Чаир, нема што да се чудите и изненадувате, ниту треба да им се фаќате на јадиците на спинот кој треба да набеди други за лошо за да го маскира своето лошо, ептен лошо. Има/ло други алтернативи за пре/именување, тоа што е избрана оваа воопшто не е случајно, ниту е без (историска) генеза и значење. Одете назад и освежете или надополнете знаења од историја, поглавјето за балистите, како и поглавјето за позиционирањето и односите на исламско/муслиманскиот свет наспрема Мусолини/еврофашизмот и Хитлер/евронацизмот, и како тоа се манифестирало и на Балканот, вклучително и во Македонија, вклучително и меѓу Албанците. Така ќе ви стане појасно зошто баш таквите улици се преименуваат, зошто се нема/ло идентификација со тоа, ниту пак се третира/ло со вообичаениот минимум на уважување како за заедничко европско наследство, и што тоа точно ни се’ повампирува во Чаир, во самиот главен град. Не дека и без тоа не треба да е веќе јасно. Скопје и северозападот на МК на каков град и средини почнаа да заличуваат и звучат, кај чините дека се наоѓате, во земја на нешто оригинерно европско, или небаре ви се причинува дека сте негде по турско/арапски и исламско/муслимански теократски свет, ма небаре Отоманите се вратиле? Каде на друго место по Европа е дозволив и прифатлив таков сеприсутен и забревтан теократизам, било чиј, камоли исламски, вклучително и таму и тогаш кога треба да е верски неутрално? Каде по Европа е така? Згора па и сето тоа спинувано како мулти-култи, а не тоа што всушност е. Заради кого и чие е тоа, кој е агенсот? Да не е заради албански, дотолку повеќе што турското малцинство е навистина малубројно за да биде носечки агенс за таквата трансформација што ни се угнездува и реставрира, па уште и со табуизирање што од сето тоа е сериозна антитеза и деконстукција на европското и европските карактеристики и вредности на земјата. Што тогаш се бара во Европа, најкаурскиот, најсекуларниот и најлаичкиот континент? За зајакнување на силите кои сето тоа треба да го срушат, исто како што се тера кај нас? Тоа демек за албански интерес е или повторно е само измеќарство за нечии воневропски? Ама ова словенскиве каури се проблемот, не некои работи во својот двор, нема друго нешто што кочи развој и евроинтеграција.

Се разбира, сето ова ако за Албанците се применуваат истите стандарди за критичка анализа како за сите други Европјани, а не со предрасуди на помали очекувања од нив оти (пот)свесно се доживуваат како различни од сите други Европјани и објективно-субјективно се европски исклучок, како последица и рецидив на нивната масовна исламизација/муслиманизација во вековите на окупацијата и колонизацијата на Отоманскиот империјален калифат, секако, за да се избегне третманот и судбината на каурите, и, патемно, единствени во Европа кои самите направиле таква масовна и темелна идентитетска промена, иако и други биле под јаремот на истиот тој калифат или на арапските калифати (Иберија, не пет, туку осум века).

(Превземено од Фејсбук статусот на авторката)

Related posts

Писма

admin

СКУП Македонија продолжува со следењето на имотната состојба на функционерите

admin

Протестите во Чашка – одбрана на “подземната коалиција” за Дака, Анѓушев, Самсоненко… и следните на “црната листа”

admin

Ѓорѓи Марјановиќ

admin

Олигарси против ЕУ?

admin

Време на големи предизвици и европска трансформација

admin