12.8 C
Скопје
28 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Регулирање на пазар со ознака „гарантирана цена“

 Листата на производи од 25 категории на прехранбени продукти е изготвена и министерството за економија ќе ја достави на утрешната седница на Владата. Станува збор за стотици артикли кои од среда ќе се продаваат по 10 отсто пониски цени од оние на 1 август и со ознака „гарантирана цена“. Владината одлука ќе важи до 30 ноември, јави Глас на Америка.

„Откако се направени сите анализи и дискусии со стопанските коморите и сите чинители во трговијата излезе идеја да се обележат цените кои ќе бидат намалени од среда. Затоа Министерството за економија, постапувајќи согласно со Законот за трговија, ќе ја дополни одлуката во делот на вршење на трговијата и со одбележување на сите производи кои утре најверојатно ќе бидат наведени на седница на Владата со намалување на цената, која ќе биде минус 10 проценти од изложените цени на 1 август во синџирите на маркетите. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака каде ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека со цените што ќе бидат означени со оваа ознака нема да може да има нагорно зголемување до 30 ноември “, објасни министерот Бектеши.

Оние категории на прехранбени производи кои нема да бидат опфатени со владината одлука трговците ќе можат сами да ги пријават во министерството за економија.

„Ги повикувам производителите и диструбутерите кои не се наоѓаат на листата, доброволно да се пријават за намалување на цените, односно да не се почувствуваат дискриминирани, да се пријават нивните производи да имаат ознака “гарантирана цена“. Има интерес од одредени компании во вакво кризно време да станат општествено одговорни компании и да им излезат во пресрет на граѓаните“, изјави Бектеши.

По реакциите на граѓаните околу најавата дека ќе се укинат акциите во маркетите, министерот Бектеши објасни дека тие сепак ќе бидат дозволени но нема да важат за производи кои се пред истекот на рокот на трајност.

„ Ќе има паралелна одлука во делот на забрана за акции. Утре ќе има мала корекција на таа одлука. Цените кои ќе бидат со озналката „гарантирана цена“ ќе бидат контролирани од пазарниот инспекторат. Ако некој сака да ја стави ознаката а не пријавил дека прави намалување, не поради истек на рок на трајност или не е наведена во одлуката на цените согласно законите се знае што следува“, потенцираше министерот Бектеши.

За наредната недела се најавува и намалување на цените на пијалоците. Денеска министерот ќе има средба со производителите и дистрибутерите а во завршна фаза се и законските измени со кои Државниот пазрен инспекторат (ДПИ) ќе добие поголеми ингеренции и ќе може да ги затвара маркетите кои не ги ги почитуваат владинтие мерки.

Related posts

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin

МАКЕДОНИЈА РИЗИЧНА ЗОНА ЗА НОВА ЕПИДЕМИЈА СО МОРБИЛИ

ninja

СЕ „КРЧКА“ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО

ninja

ДЕМНЕЊЕ СТАНА КРИВИЧНО ДЕЛО, ЗАТВОР ЗА НАПАЃАЧИ НА НОВИНАРИ, ЛЕКАРИ И АДВОКАТИ

ninja

Дали уставните измени стануваат меѓуетнички проблем?

admin

Ветинг – предлогот во фиока, се вади пред избори

admin