18.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мерката за намалување на цените – повеќе популизам отколку реален ефект

Додека државата сѐ уште утврдува кој е „виновен“ за високите цени на храната и се заканува со строги казни, најавена е мерка за намалување на основните производи за 10 проценти, а потоа и нивно замрзнување. Но и покрај мерката, некои основни производи, како млечните и месните, се поскапени за 40 отсто. Економскиот аналитичар Висар Адеми смета дека владината мерка е повеќе популистичка и нема да го даде посакуваниот ефект.  

 

Зголемување на основните млечни и месни производи за 40 проценти споредено со минатата година, покажала анализата направена од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), која се очекува да биде објавена следната недела, со донесувањето на владините мерки за намалување и замрзнување на цените.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека зголемување на цените има и кај овошјето, додека забележано е намалување на цената на маслото за јадење. Податоците се добиени врз основа на влезните и излезните фактури од маркетите.

Следната недела се очекува да биде донесена мерка за намалување на цените на повеќе од 50 основни прехранбени производи за над 10 проценти, кои потоа ќе бидат замрзнати, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„По конструктивна дебата со најголемите супермаркети во земјава заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените на основните прехранбени производи и како добра волја и како општествено одговорни компании тоа го прифатија“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши откако одржа состанок со претставници на најголемите супермаркети.

Целата содржина може да се прочита ТУКА

 

Related posts

Ирска, Данска и Луксембург со најголема куповна моќ, Романија, Бугарија и полска со најмала

admin

Индустриските производи поскапи за 4.2 проценти

admin

ЕСМ следната недела ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

ninja

Искрениот извештај на ЕК различно се толкува од власта и опозицијата

admin

Дијаспората и по 12 февруари ќе може да се врати со патен лист

admin

Амнестии и споменици за дефокус од реалните проблеми?

admin