23.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

По Бањски Манастир – освестување и пресек: Принципиелни или територијални решенија  

Пишува: Ивон Величковски

Очигледната затеченост на официјален Белград по терористичкиот напад покажа колку всушност Вучиќ и нема контрола врз србијанските институции.

И колку скапо го чини седењето на 2-3 столчиња. И него и Србија, но и каков ризик тоа претставува за целиот регион.

Но и ги соочи и ЕУ и САД со непријатното сознание дека политиката на:

– “примирување” кон Вучиќ, при дезориентирана опозиција во Србија и

– диспропорционален притисок врз Курти, при опозиција која му е спротивставена лично, а не по прашањето на Заедница на општини согласно уставот…

…не носи стабилност за Србија и Косово, туку создава предизвици во регионот.

Отсуството на било каков инцидент во другите подрачја во Косово каде живеат Срби ги обесмисли тврдењата за “теророт на Курти”, а го потврди неселективното владеење на правото таму.

Но самиот терористички акт отслика зошто етничка заедница на општини со извршни надлежности вон рамката на косовскиот устав претставува закана за косовскиот територијален интегритет.

А потоа и за секоја соседна држава во регионот, вклучително Северна Македонија.

Ќе повторам, при регион до сега порозен за “Вагнер/Ноќни волци/РПЦ” логистика на руската потреба од дестабилизација на Западниот Балкан.

Затоа, Брисел и Вашингтон, Берлин, Париз и Лондон веќе мора да го преоценат својот досегашен пристап и да прифатат дека:

– Приштина легитимно бара Заедницата да се формира согласно косовскиот устав, што функционалниот го става пред етничкиот и територијалниот карактер на Заедницата.

– Составен дел на формирање на Заедницата е меѓусебното признавање на Косово и Србија, затоа што изворот на Заедницата е косовскиот устав, а тоа е устав на суверена држава што треба да биде призната за да се црпи обврската на Косово за формирање Заедница.

– ЕУ треба да ги охрабри своите членки кои тоа се уште не го сториле – да го признаат Косово, за надлежниот Комесар да се води од надворешната политика на ЕУ, а не на земјата од која доаѓа.

Дури и ако го гледаме само интересот на Северна Македонија, ќе се сетиме дека по Ердутскиот, Рамковниот договор (вграден во македонскиот устав) е првиот документ кој го печатира принципот дека во регионот нема територијални решенија на етничките прашања. Следен документ од таков карактер е самиот Устав на Косово. Обата предвидуваат унитарност на државите и се “гарантирани” од ЕУ и САД.

Затоа, ќе се сетиме и дека “исчашувањето” на косовската – неминовно ќе ја “исчаши” и македонската државна унитарност.

А ако гледаме регионално одговорно, ќе си признаеме дека етничката заедница во Косово како територијално решение на етничките прашања отвора уште неколку такви прашања – и во Северна Македонија и во самата Србија. Но и во други земји од регионот. А можеби и пошироко.

Затоа и властите, но и опозицијата во Македонија и тоа особено политичарите – Македонци треба да ја прекинат политиката на “закопување на главата во песок” пред националниот и регионалниот предизвик.

Оние што први ќе ја напуштат “политиката на ној”, ќе се ослободат од имиџот на подизведувачи на источните влијанија. Набрзо потоа за ова ќе стане свесна и парламентарната опозиција. И медиумите на македонски.

 

Фејсбук објава на авторот 

Related posts

За извештајот до скрининг процесот за Северна Македонија

admin

Зошто посетата на Курти во Северна Македонија беше грешка?

admin

План за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во ЕУ

admin

Во корист на сопствената штета

admin

ДУПови

admin

Ѓорѓи Марјановиќ

admin