5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Дали државата планира стратегија со која ќе стане рударска колонија на ЕУ?

Се прават ископи на песок, чакал, се вадат суровини од рудници, но концесионерите не ги почитуваат стандардите за заштита на животната средина, велат еколошките организации. Алармираат дека може да стане и полошо затоа што државата подготвува нова стратегија за минерални суровини со која Северна Македонија лесно би можела да стане рударска колонија на ЕУ.

Од локалниот пат кај скопското село Средно Коњари се гледаат багери кои извлекуваат песок во близина на брегот на реката Пчиња. Само неколку часа претходно жителите на ова село протестираа загрижени дека концесионерот со ископите континуирано прави големи штети врз животната средина.

Протестите повремено се случуваат неколку години. Месните заедници на неколкуте села лоцирани на брегот на Пчиња, бараат државата да ја запре работата на концесионерите, загрижени дека ископите на песок и чакал се ризик за земјоделското земјиште и водата за пиење.

Азим Ќерими , секретар во Месната заедница Средно Коњари, ни раскажа дека само пред неколку дена Државниот инспекторат за животна средина му забранил на концесионерот да прави ископ на песок, но дека ископот продолжува.

„Концесионерот продолжува да копа, си ги полни камионите и скришно навечер го изнесува песокот“, вели Ќерими.

Ископ на песок и чакал до неодамна се правеше и во селото Горно Коњари, на само неколку минути од соседното Средно Коњари. Месните заедници на неколкуте села лоцирани на брегот на Пчиња праќаат петиции со потписи од жителите до неколку институции кои се дел од издавањето дозволи и концесии, како Министерството за животна средина и Министерството за економија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

Наталитетот паѓа, разводите во “тренд”

admin

Намалена транспарентност на државните институции – застој во отчетноста на функционерите

admin

ТРНЛИВ ПАТ ДО АВТОПАТ

ninja

И САД воведоа санкции за Путин и Лавров

ninja

Мицкоски за „Политика“: Граѓаните нека бидат мирни, остануваме на ставот против уставните измени

admin

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin