36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Искрениот извештај на ЕК различно се толкува од власта и опозицијата

Вицепремиерот, Бојан Маричиќ, вели дека земјата има напредок во 80 проценти од поглавјата и никаде не е нотирано назадување.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека со ова е успешно завршена обврска која ја носи земјата поблиску до отворање на кластерите и поглавјата во насока на забрзана ЕУ-интеграција.

„Добра вест од Брисел! Вчера, Советот на ЕУ го усвои Писмото со кое сме поканети да ги подготвиме Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање на Кластерот 1 – Темели“, објави Османи на Фејсбук.

Но опозицијата обвини дека станува збор за историски најлош извештај.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески на прес-конференција, пак, возврати дека земјата го добила историски најлошиот извештај од Европската комисија.

„Извештајот од 2023 година констатира дека нема напредок во делот на прашањето по однос на активната блокада. Задоволен сум што тоа е нотирано, затоа што ние како пратеничка група со таканаречената активна блокада која ја спроведувавме во Собранието во ниту еден момент не ги спречивме битните процеси и закони кои беа во корист на граѓаните и тоа е нотирано во самиот извештај на ЕК“, рече Мицески.

Извештајот е напишан на 120 страници. Во делот на политичките критериуми, документот нотира дека Македонија продолжува да ги засилува своите напори за да ја зацврсти демократијата, додека се соочува со одредени предизвици во областа на владеењето на правото.

 

Related posts

Партизација на дело: Благодарност до Меџити пред собраниското гласање

admin

За пет години, десет фирми добиле тендери во вредност од милијарда евра

admin

Софија повторно инсистира на уставни измени: Без внесување на Бугарите во Уставот нема напредок кон ЕУ

admin

Партиите во низок старт за локалните избори

admin

Средба Груби – Грвала: Регионот е побезбеден како дел од НАТО и ЕУ

ninja

Пронајдено тело на жена во Зрновци, истрагата е во тек

admin