29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Софија повторно инсистира на уставни измени: Без внесување на Бугарите во Уставот нема напредок кон ЕУ

Бугарската министерка за надворешни работи Весислава Петрова-Чамова изјави дека Македонија мора да ги исполни обврските преземени во 2022 година доколку сака продолжување на преговорите со Европската Унија.

Говорејќи во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, Петрова-Чамова порача дека бугарската позиција повеќе не е билатерално прашање, туку дел од европската рамка за пристапување.

„Имавме добра прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година веќе не е билатерално прашање, туку прашање на дискусија меѓу Европската Унија и држава кандидат“, изјави таа.

Според бугарската министерка, Македонија треба да се придржува до договореното во 2022 година и да ги преземе „неопходните политички чекори“ за да го отвори европскиот пат.

„Да се придржуваат до постигнатиот договор од 2022 година и да ги направат неопходните политички чекори. Да го отворат сопствениот европски пат“, рече Петрова-Чамова.

Таа предупреди дека постои можност за проширување на Европската Унија во наредните години, но дека Македонија ризикува да ја пропушти шансата ако не ги исполни обврските.

Во изјавата, бугарската министерка ги нарече македонските претставници „северномакедонски партнери“, што предизвика реакции во Скопје.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски возврати дека употребата на терминот „северномакедонски“ за македонскиот народ е „неточна и несоодветна“.

„Македонците се Македонци“, порача Муцунски.

Тој истовремено нагласи дека е потребно да се избегне билатерализација на критериумите за членство во Европската Унија.

Бугарската агенција БГНЕС потсетува дека со таканаречениот „француски предлог“ од 2022 година, Македонија прифати внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот како услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Договорот опфаќа и обврски поврзани со Договорот за добрососедство од 2017 година, вклучително и прашања за историските теми, говорот на омраза и архивите на поранешните југословенски служби.

Related posts

Мицкоски добива мандат, ДУИ испраќа порака

admin

Заливските држави предупредуваат на растечка закана од ирански милиции и прокси-групи

admin

„Брза лента“ за законските измени за коридорите 8 и 10д

ninja

Финска ќе увезува нуклеарно оружје

admin

Руте: Потребна е посилна Европа во посилно НАТО

admin

КОРУПЦИЈАТА Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, РЕШЕНИЕТО Е ПРИСТАПНИОТ ПРОЦЕС КОН ЕУ, РЕЧЕ ЕСКОБАР

ninja