Грчкиот национален авиопревозник „Ејџин ерлајнс“ вчеравечер започна тринеделна линија меѓу Скопје и Сараево, преку својата регионална подружница „Олимпик ер“, пренесува Инбокс7.
Тоа го означува обновувањето на летовите меѓу двата главни градови по повеќе од тринаесет години, кога сега веќе непостоечката B&H Airlines одржуваше летови меѓу двете градови.
Покрај новата линија Скопје – Сараево, Aegean ги удвои своите фреквенции на линијата Атина – Скопје од три на шест неделно. Сите летови ќе се одржуваат со авионот ATR72-600.
Коментирајќи ја новата услуга, Нејат Курт, генерален директор на операторот ТАВ Македонија на скопскиот аеродром, рече: “Задоволни сме што Aegean го зголемува своето присуство на нашиот пазар, со лансирањето на уште една нова дестинација од Скопје покрај Атина. Веруваме дека оваа нова рута ќе им служи на патниците и ќе им овозможи да стигнат до Сараево од Скопје брзо и удобно за нешто повеќе од еден час, наместо да користат копнен превоз кој трае многу”.