2.8 C
Скопје
1 декември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Изет Меџити за РСЕ: Ќе се војува против корупцијата

Коалицијата „Европски сојуз за промена“ ќе понуди конкуренција во албанскиот политички блок со фокус на економските прашања, вели во интервју за РСЕ претседателот на Деморатско движење, Изет Меџити, чија партија е дел од опозицискиот фронт, заедно со БЕСА и Алтернатива.

За неприфаќањето на отворената покана од Алијанса за Албанците вели: „влегоа во влада за уставни измени, завршуваат како помагачи за враќање на Никола Груевски и донесување на измените во Крвичниот законик“.

“Прво мислам дека прв пат и ретко, се уште далеку од изборите, опозицијата да биде заедно и тоа врз основа на принципи, нова програма, нови приоритети. Надминати се веќе некои поранешни суети во однос на лидерството – односно кој ќе ја предводи опозицијата, туку фокусот е ставен дека на Албанците им треба конкуренција во албанскиот блок. Да има конкуренција во идеи, програма, платформа, што недостасуваше во овие 20 години. Прво, тоа е вредноста. Второ, не само што ќе констатираме лошо владеење на ДУИ и другите партнери во владата, туку ќе дадеме конкретни предлози за решавање на тие проблеми за подобрување на животниот стандард, за подобра перспектива, да се спречи миграцијата на младите. Ќе се војува против корупцијата која е посочена и во последниот извештај како најкатастрофален досега, заради големата корупција и тоа на високо ниво. Фокусот ќе биде на економските прашања и теми, бидејќи според анкетите седум до осум прашања што ги тангираат граѓаните и Албанците се платите и животниот стандарди и темите поврзани со нив”, вели Меџити.

Целото интервју можете да го најдете ТУКА

Related posts

СКСЗМ СО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

ninja

САД развила гравитациона бомба, една детонација може да убие еден милион луѓе

admin

СТУДЕНТСКИ ОБРОК: ДОБАР АДУТ ЗА ФАЛЕЊЕ ВО ОН, ЛОШ ЗА БУЏЕТОТ

ninja

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

ninja

Почина Тото Котуњо

admin

КУРТИ- ИЗЈАВИТЕ НА ВУЧИЌ СЕ ЗАКАНА И ВОЕНА АГРЕСИЈА

ninja