2.8 C
Скопје
1 декември, 2023
Inbox7.mk
СТАВ

На Канал5 видовме цензура и кршење на слободата на говор

Пишува: Петрит Сарачини 

Одлука за прекинување на ТВ емисија или ТВ дебата може да донесе новинарот, или уредникот/ главниот уредник, а не директорот или менаџментот на телевизијата, особено не со директно јавување во живо, во кое бара од поканетиот гостин да ја напушти емисијата!

Освен што може да се толкува како цензура и кршење на слободата на говор, тоа што го видовме денес на Канал 5 може да се смета и како директно кршење на автономијата на редакцијата од страна на менаџментот.

Така се гледа на овие работи во демократски земји. Како ќе реагираат на овој инцидент професионалните и етичките новинарски тела, ќе видиме деновиве. Тие реакции ќе бидат огледало во кое ќе се рефлектира капацитетот на новинарскиот еснаф да ја одбрани независноста и дигнитетот на професијата!

(Фејсбук статус на авторот)

Related posts

Буџетот за 2024 година: Високи капитални расходи, натамошно намалување на дефицитот

admin

Отворен Балкан, Хроника на една предскажана смрт

admin

Казна за Еуростандард банка

admin

Ѓорѓи Марјановиќ

admin

Пет причини за граѓаните да инвестираат во граѓанската обврзница – петка за граѓаните

admin

Зелена конкурентна економија за подобар квалитет на живот

admin