27.2 C
Скопје
4 јули, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Се зафати да ги решава проблемите во здравството и го тргнаа

Пишува: Менче Атанасова Точи

– Денес треба да прогласат ден на жалост! Во шок сум, го погребаа здравството. Како можеа да го сменат министерот за здравство, најдобар од сите досега? Си оди најдобриот, човекот кој навистина сериозно работеше, имаше визија да ги смени работите во здравството.

Со овие зборови видно вознемирена го започна разговорот мојата пријателка, која одамна не бев ја слушнала. А, таа со сериозно искусто на раководни позиции и во државниот и во приватниот сектор, многу добро ги познава работите во здравството. Всушност, не познавам некој што така добро ги знае работите во сите сегменти на здравствениот систем. Но, го напушти кога виде дека работите не чинат и не оди на подобро. Замина на своја штета, неможејќи веќе да поднесе.

„Морав да ти се јавам тебе, зашто ти ќе ме разбереш. Човекот не го ни познавам, но ги лоцираше клучните работи, не му дозволија да го реализира зацртаното, а направи многу за неговиот мандат“, продолжи мојата пријателка. По тонот и по тоа што одамна ја немаше, а сега ми се јави, сфатив дека ова што го кажува и е многу важно.

-Баш се спремав да ставам еден коментар на платформата Фејсбук, во нацрт ми е, и одговорив.

И во наредните двесеттина минути ја слушав како ми ги образложува деталите. Ги знаев, но не покажував воодушевување никогаш, па ни сега, затоа што сум новинарка, истражувачка и секогаш ги барам проблемите, скриените патеки кои можеби другите не ги забележуваат..

Ама мора да признаам. Да, Азир Алиу, како министер за здравство ми беше гостин во првата емисија во овој серијал од 10 емисии на КЛИНИКА ЗА СЕ, со Менче Точи и нема прашање што не го одговори. Призна порази, понуди решенија и за грешките на неговите претходници, одговараше на провокативни прашања, отвори болни теми, укажа на сериозни проблеми, вети дека ќе бара одговорност.

А, таков министер за здравство, очигледно не треба. Тоа е повеќе од сигурно! Го избришав статусот на Фејсбук. Непотребен е. Исто како човекот кој се зафати и сакаше да ги решава проблемите во здравството, но не му дозволија. Го избришаа. И тоа се, на наша штета! Навистина, тажен ден.

Related posts

За извештајот до скрининг процесот за Северна Македонија

admin

Филистејците – “чистата” совест на “прогресивните”

admin

Милеј, поуките од неговата победа

admin

Кошта беше јасен: Нема “план Б” и “креативни решенија”

admin

Каков распад од невидена неспособност!

admin

Со штитот или на него

admin